1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД: Највисока инфлација по речиси 40 години

СН/агенции
10 декември 2021

Американските потрошувачки цени повторно нагло пораснаа во ноември. Ваков раст на стапката на инфлација во САД немало од 1982 година. Главен двигател се експлодирачките цени на енергенсите.

Symbolfoto Inflation USA
Фотографија: Heinz von Heydenaber/dpa/picture alliance

Инфлацијата во САД, мерена со растот на потрошувачките цени, порасна во ноември за 6,8 отсто, меѓугодишно на највисоко ниво во последните 39 години, објави американското Министерство за труд.

На месечно ниво, потрошувачките цени пораснаа во ноември за 0,8 насто, што е значително зголемување, иако малку побавно од октомври кога месечната стапка на раст на инфлацијата изнесуваше речиси 0,9 отсто.

Скокот на цените од 6,9 насто во 12 месечен период, од ноември минатата година до ноември годинава, е најголем од јуни 1982 година, кога меѓугодишната инфлација достигна 7,1 процент.

Цените на бензинските пумпи во САД дури за 60 проценти повисоки отколку во минатата годинаФотографија: Mike Blake/REUTERS

Овој претходен скок се случи во време кога Федералните резерви ги подигнаа каматните стапки на двоцифрена вредност за да ја запрат инфлацијата која се оттргна од контрола поради нафтената криза во 1970-тите години која ги „вжари“ цените на тој енергенс.

Повеќе:Германија: Највисока инфлација во последните 29 години

Основната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на храната и на енергијата, забележа месечен раст од 0,5 отсто во ноември, додека растот на годишно ниво порасна за 4,9 отсто, што е највисок од 1991 година.

Цените на енергенсите и минатиот месец најмногу допринесоа до раст на инфлацијата, особено цените на бензинските пумпи, кои се вивнаа за вртоглави 58,1 отсто во однос на претходната година.

Цените за домување, храна, нови и половни автомобили, авионски карти, облека и мебел, исто така, во голема мерка допринесоа за пораст на ноемвриската инфлација.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми