1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД повторно ги бомбардираa џихадистите во Ирак

СН/жа/дпа/мир/ртр/ап17 август 2014

САД ги потврдија воздушните напади врз позиции на терористичката милиција „Исламска држава“ во близина на браната кај Мосул и на градот Ербил во северен Ирак.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Американски воени авиони го бомбардираа подрачјето во близината на најголемата ирачка хидроцентрала, кај градот Мосул, која курдските сили се обидуваат да ја преземат од џихадистите, соопшти американската воена команда за Блискиот Исток и централниот дел на Азија. Во девет напади од воздух ноќеска се уништени или оштетени четири оклопни опремени со оружје и седум други воени возила на екстремистите. Овие акции имаа за цел да ги заштитат американските граѓани во Ирак, тврди американската команда. Бомбардирањата се поддршка за офанзивата на курдските сили, да ја преземат контролата врз браната која џихадистите ја контролираат од 7. август. Високиот претставник на курдските сили наречени „пешмерга“, генералот Абдел Рахман Корни претходно рече дека курдските сили во првите часови од офанзиватра ја презеле контролата врз источната страна на браната на вештачкото езеро на реката Тигар. Од езерото во близината на Мосул со вода и со струја се снабдува голем дел од Ирак, а таа е особено важна за наводување на нивите.

Германската сојузна влада во меѓувреме не ја исклучува можноста да им испорачува и оружје на Курдите во северен Ирак за нивната борба против „Исламска држава“. Министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер меѓутоа се изјасни против самостојна курдска држава во северен Ирак.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми