САД повторно ги отвораат амбасадите
10 август 2013Стејт Департментот во Вашингтон соопшти дека утре треба повторно да започнат со работа вкупно 18 американски дипломатски претставништва. Затворани ќе останат само уште амбасадата на САД во јеменскиот главен град Сана и конзулатот во пакистанскиот град Лахоре. Ситуацијата во овие места тековно се проверува, беше соопштено во американското министерство за надворешни работи.
САД на 4. август затворија 19 амбасади и дипломатски претставништва на Блискиот исток и во Африка откако разузнавачките служби, како што тврдат, откриле електронска пошта на високи оперативци на Ал Каеда во кои биле разменувани информации за подготовка на напади. Конзулатот во пакистанскиот град Лахоре беше затворен во четвртокот (8. август) и беше повлечен персоналот.
Американските воени сили пак во изминатите денови ги засилија нападите со беспилотни летала врз цели во Јемен за кои се верува дека се упоришта на тамошниот огранок на терористичката мрежа Ал Каеда.