1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД поддржуваат преговори за името

БГ/миа14 јули 2014

Американската дипломатка Викторија Нуланд во Скопје изрази поддршка за решавање на спорот за името, по што Македонија би добила отворени врати за прием во НАТО и во ЕУ.

Фотографија: DW/F. Musliu

САД силно ќе продолжат да го поддржуваат процесот во ОН за решавање на проблемот со името со цел Македонија да го добие заслуженото место во НАТО и Европската унија. Ова го истакна американскиот помошник-државен секретар за европски и евроазиски работи Викторија Нуланд во изјава по средбата со премиерот Никола Груевски.

Одговарајќи на прашање дали проширувањето се уште останува приоритет за НАТО. Нуланд рече секако, нагласувајќи дека тоа особено се однесува за Македонија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми