1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама бара построга контрола на огненото оружје

ЖА/дв/мкф/дпа/ртре5 декември 2015

Претседателот Обама бара построга контрола на оружјето, а весникот „Њујорк тајмс“ во дебатата посегна по невообичаени средства. За американската полиција масакрот во Сан Бернардино е терористички чин.

Фотографија: Reuters/K. Lamarque

САД нема да дозволат да бидат тероризирани, порача американскиот претседател Барак Обама денеска, повторувајќи го повикот за поостра контрола на оружјето по нападите во Калифорнија, кога брачна двојка уби 14 лица.

„Ние сме силни. Ние сме отпорни. И нема да дозволиме да не‘ тероризираат“, рече Обама во своето неделно обраќање.

По индициите дека пукотницата во Сан Бернардин била инспирирана од екстремистичката група Исламска држава, Обама најави детална истрага.Тој исто така го повтори повикот за преиспитување на законот за оружје, со кој се дозволува речиси секоја возрасна личност да може да го купи.

„Знаеме дека убијците во Сан Бернардин користеле воено оружје за да убијат што е можно повеќе луѓе. Тоа е уште еден трагичен потсетник дека овде во Америка е прелесно опасните луѓе да дојдат до оружје“, истакна Обама.

Фотографија: Getty Images

Акција на „Њујорк тајмс“

И весникот „Њујорк тајмс“ во својот уводник на насловната страница, прв по период од речиси сто години, по повод масакрот во Сан Бернардино побара заострување на американските закони за огнено оружје. Епидемијата на вооружување во Америка мора да запре. Национална срамота е што цивилите можат легално да купат оружје наменето за „убивање на луѓе со брутална сила и ефикасност“. Мора да се забрани цивилите да доаѓаат до одреден тип оружје, како она кое беше употребено во Калифорнија, апелира весникот. „Њујорк тајмс“ ги критикува политичарите во Конгресот кои се молеа за жртвите од Сан Бернардино, за потоа да ги одбијат и „наједноставните ограничувања за оружје за масовно уништување.“ Последен пат „Њујорк тајмс“ објави уводник на својата насловна страница во 1920 година. Во него го критикуваше номинирањето на Ворен Хардинг за претседателски кандидат на Републиканците.

Фотографија: picture-alliance/dpa/San Bernardino County Sheriff

Напаѓачот од Сан Барнардино контактирал со група поврзана со Ал Каеда

Во меѓувреме истрагата во САД потврди дека напаѓачот од Сан Бернардино, во американската сојузна држава Калифорнија, имал контакти со лица од најмалку две милитантни исламистички организации, вклучувајќи ја и Ал-Нусра, сириското крило на Ал Кaеда. Како што претходно пишуваа американските медиуми, се чини дека 28-годишниот Саид Фарук и 27-годишната Ташфин Малик, двојката која уби 14 и рани 21 лице, тоа го сториле со добро осмислен план, бидејќи во нивниот дом бил пронајден огромен арсенал муниција и дури 12 импровизирани експлозивни направи. Саудиската амбасада во Вашингтон објави дека Фарук во летото 2014 година девет дена престојувал во Саудиска Арабија. Истрагата за пукањето во центарот за помош на лица со ментална попреченост во Сан Бернардино вчера беше преквалификувана како истрага за „терористички акт“, објави американското Федерално биро за истраги. „Отсега овој ужасен настан го истражуваме под претпоставка дека станува збор за терористички чин. Имаме докази дека нападот е строен по внимателна подготовка“, изјави Дејвид Боувдич, од одделот на ФБИ во Лос Анџелес.

Масакрот на божикен прием ви Калифорнија го изврши муслиманска брачна двојка којашто се радикализирала, а жената Ташфин Малик наводно преку Фејсбук изразила лојалност на џихадистичката организација Исламска држава, како што пишуваа американските медиуми.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми