САД пред голем проблем – рекорден раст на случаи на Ковид-19
ЖА
26 јуни 2020
Во последните 24 часа има речиси рекордни 40.000 новоинфицирани. Здравствените власти сметаат дека со коронавирус се заразени 20 милиони луѓе, 10 пати повеќе од официјалните бројки.
Реклама
САД се соочени со нов дневен рекорд на случаи на Ковид-19, пришто со новиот бран се конфронтирани повеќе јужни и западни сојузни држави. Во дневниот рекорд неделава сепак предничеа Аризона, Калифорнија, Тексас и Флорида. Во некои сојузни држави расте паралелно и бројот на пациенти на болничко лекување. Здравствените експерти стравуваат од евентуално преоптоварување на болниците.
Стефан Симонс, дописникот на Дојче веле од Вашингтон, јавува дека пандемијата се распространува надвор од овие четири држави.
„Ситуацијата во 30 сојузни држави е лоша. А овие 30 држави, кои претставуваат 60 проценти од сите американски сојузни држави, во изминатава недела пријавиле забележителен раст на инфекции со коронавирус, во 13 од нив зголемувањето на случаите е дури за 50 проценти, тоа не изгледа добро."
Пет совети за подобро физичко и ментално здравје во корона-кризата
Вакцина нема, лек исто така. Експертите, во моментов, не се сигурни ни дека оние кои оздравеле од Ковид-19 се целосно заштитени од нова инфекција. Затоа е препорачливо јакнење на личниот имунитет среде пандемијата.
Фотографија: Fotolia
Здрава исхрана
Докажано е дека здравата исхрана го намалува ризикот од хронични болести како што се проблемите со циркулацијата, дијабетисот или со дебелината. Исто така, со здрава исхрана се намалува и ризикот од депресија и од анксиозност. СЗО потсетува - но тоа важи и без пандемија - дека треба да се остават алкохолот, цигарите и сите останати дроги
Фотографија: picture-alliance/dpa/V. Heinz
Добар сон
Додека спиеме, телото вредно работи: келиите се обновуваат, се отстрануваат отровите, се зацврстува помнењето. Како што покажаа истражувањата, недостатокот на сон влијае не само на физичката состојба, туку и на психичката. Недостатокот на сон нѐ прави поподложни на хронични болести. На поголемот број луѓе им се доволни 6 до 9 часа сон, но важно е да се спие во одреден ритам.
Фотографија: Colourbox
Движење и вежбање
Движењето го исполнува телото со „хормоните на среќа“. Тоа овозможува подобро спиење, ги намалува стресот и стравовите, го зајакнува помнењето. Движење и спорт, па макар и дома - најмалку 30 минути дневно. Тренерите велат дека не важно како ќе ги поделите тие минимални 30 минути - можеби по 10 минути наутро, напладне и навечер? Кога можете излезете на свеж воздух.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. pedersen
Одржување на контактите
Пријателите во овој период на социјална изолација поради коронавирусот се поважни од кога било. Социјалните мрежи се докажано добри за здравјето. Бидејќи излегувањата и собирите сега не се можни, речиси сѐ се одвива на интернет. Но, подобро така отколку никако.
Изолацијата можеби е шанса да се заборави на светот и на надворешните вести. Размислите, што сакате веќе подолго да направите но никако не стигнувате? Нешто во градината, да испробате нов рецепт, да научите да плетете, да прочитате некоја книга која веќе подолго ве гледа обвинувачки од полицата? Сега е идеално време за тоа.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
5 фотографии1 | 5
Стопирање на плановите за укинување на рестрикциите
Алармирачкиот број на новозаразени во одделни случаи ги наведе повеќе држави да ги замрзнат плановите за укинување на рестриктивните мерки, меѓу нив се Орегон, Утах и Тексас.
„Со оглед на тоа што се зголемуваат позитивните случаи на Ковид-19 и бројот на пациенти во болниците, се концентрираме врз стратегии кои ќе го успорат раширувањето на вирусот и на Тексашаните ќе им овозможат да заработат плата и да ги прехранат своите семејства", изјави Грег Абот, гувернер на Тексас.
Абот, кој е републиканец и убеден поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп, инсистираше Тексас побрзо од другите сојузни држави да ги отвори продавниците и други области на јавниот живот.
Постојат стравувања дека тексашкиот град Хјустон може да се претвори во епицентар на коронавирусот.
Во Калифорнија гувернерот Гевин Њусом прогласи вонредна буџетска состојба поради пандемијата. Во средата оваа држава забележа рекорд од 7.149 нови случаи на Ковид-19.
Коронавирус: Кога маката ќе те направи инвентивен
И во иднина ќе треба да живееме со пандемијата на коронавирус. Но, добро е што во меѓувреме има толку многу идеи кои ни го олеснуваат секојдневието со вирусот - иако на некои треба допрва да се навикнуваме.
Фотографија: JF Group GmbH
Добар апетит на вечера во стакленик
Конечно може да се отиде некаде на вечера: рестораните се повторно отворени по повеќе недели пауза. Во Културниот центар Медиаматик во Амстердам гостите можат да јадат во мали „оранжерии“, стаклени куќички, добро заштитени од ветар, временски прилики и коронавирусот кој евентуално може да им го пренесат други посетители. Концептот има добар прием, до крајот на јуни се резервирани сите маси.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/P. Dejong
Во ресторан со стаклена преграда на масите
Во многу ресторани пак на масите се поставува стаклена преграда, како оваа во „Гага кафе“ во Милано. Гостите при јадењето се заштитени од останатите со вграден плексиглас и од поторот меѓу масите, заради намалување на опасноста од инфекција. Заштитна маска сепак е обврска, барем додека не се јаде.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Furlan
Фризерски салони со заштита
Посебни правила во време на пандемијата на коронавирус важат и во фризерските салони. Заштитни маски за уста за фризерите и муштериите, и овде мијалниците се одделени со стаклена преграда. Нема веќе кафе додека се чека во салонот, долго задржување е табу. На муштериите ионака им е важно само повторно да имаат добра фризура.
Фотографија: Imago Images/J. Tack
Судбоносното „да“ пред гостите во автомобили
Кој вели дека свадбите во време на корона мора да бидат без гости? Во едно автокино во Диселдорф младенците склопија брак додека гостите ја следеа церемонијата ѕиркајќи преку шофершајбните од нивните автомобили. На крајот на венчавката следеше бучно свирење со автомобилските сирени. Ова беше прва германска свадба во автокино.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Strauch
„Црни острови“ во канцеларијата
Вака би можело да изгледа бирото на иднината: црни обележани простори на подот покажуваат колку можете да им се приближите на колегите, без да го прекршите правилото за дистанца од два метри. Преградите од плексиглас зад мониторите даваат дополнителна заштита. Но, за оваа визија на „футуристичката канцеларија“ од една филијала во Амстердам е потребно пред сё едно - многу простор.
Фотографија: Reuters/Cushman/Wakefield
Ред при чекањето
Не само во затворен простор, туку луѓето и надвор во идните месеци мора да држат меѓусебно растојание. На станица на метрото во францускиот град Ница стапалките во кругови покажуваат каде смеат да стојат патниците кои чекаат. Слични примери има низ цел свет. Но, и на ваков начин не може да се спречи турканица при влегувањето.
Фотографија: Reuters/E. Gaillard
Едносмерно движење
И во трговските улици во Данска луѓето треба да се движат по определени правила. Исто како и во автомобилскиот сообраќај, во Аалбог важи и за пешаците - секогаш движи се на десната страна. Целта е така да се избегнат премногу блиски средби. Дали тоа навистина функционира, барем на прв поглед, според оваа фотографија, е сомнително.
Фотографија: Reuters/H. Bagger
Живот во шише
Во густо населениот Хонгконг, некои луѓе со пресечено пластично шише не само што се погрижуваат за држење физичка дистанца, туку обезбедуваат и целосна заштита на лицето од евентуални капки кои содржат вирус. Мора да се признае, не изгледа баш удобно, но барем е евтин пронајдок.
Фотографија: AFP/A. Wallace
Направа за отворање врата
Држење физичко растојание е едно, избегнување инфекција преку површини е друго. Многу луѓе при влегувањето во лекарски ординации или јавни тоалети затоа ја отвораат вратата со лакт, но постои и нешто подобро. Овој „отворач на врати“ го решава проблемот, барем така тврди производителот.
Фотографија: JF Group GmbH
9 фотографии1 | 9
Бројкитеможебисеповисокиодофицијалните
Иако САД инсистираше на зголемување на бројот на тестирања, досегашните потврдени случаи веројатно претставуваат само еден мал дел од луѓето кои се имаат инфицирано, изјавија претставници на здравствените власти вчера.
Центрите за контрола и превенција на болести проценуваат дека во меѓувреме со коронавирус се заразени меѓу 16,5 и 26,4 милиони луѓе, што би значело дека реалните бројки се десетпати повисоки од официјалните 2,3 потврдени случаи.
Останува да се сочека дали САД ќе можат да го избегнат катастрофалниот дневен раст на смртни случаи од април, кога секој ден умираа по околу 2.200 луѓе.
Моментно бројот на починати дневно се движи околу 600, кој веројатно се должи на зголемените напори за спречување на инфекциите во домовите за нега, навремени лекарски третмани и скок на бројот на помлади лица кои се тестирани позитивно на вирусот. Коронавирусот се покажа како посебно опасен и смртоносен кај постарите луѓе.
Американскиот претседател Доналд Трамп пак и натаму останува на својот контроверзен менаџмент во корона-кризата. „Доколку не вршиме толку многу тестирања, немаше ни да имаме толку могу случаи", изјави тој синоќа во интервју за ТВ Фокс њуз. Трамп има во предвид брзо отворање на економијата и што поскоро враќање во нормалноста, со оглед на претседателските избори во ноември. Тој е убеден дека коронавирусот полека исчезнува од земјата.