САД, Русија и ЕУ ќе соработуваат потесно во борбата против тероризмот
4 април 2007Тероризмот и организираниот криминал се се‘ повеќе глобален проблем и ги погодуваат еднакво САД, Русија и земјите на ЕУ – изјави Шојбле спроти средбата. На средбата со американскиот министер за заштита на татковината Мајкл Чертоф и рускиот министер за внатрешни работи Рашид Нургалијев, ќе присуствува и надлежниот евро-комесар Франко Фратини. Според домаќинот Волфганг Шојбле, кој во моментов е и претседавач со европскиот Совет на министрите за внатрешни, на средбата ќе стане збор за актуелната ситуација и степенот на загрозеност на безбедноста.
Тој инаку на викендот предложи заострување на законската регулатива за борбата против тероризмот во Германија. Според него не постои причина за кревање тревога, но мерките за спречување терористички напади во земјата мораат да станат поефикасни. Предлог законот предвидува дозвола за Службата за борба против криминалот да врши претраги на приватни компјутери преку интернет, потоа олеснување на потрагата по сомнителни лица од исламистичката сцеа, како и користење на податоците од патарината за камиони во Германија во борбата против терористичката закана.
Ваквите најави предизвикаа веднаш негативни реакции кај помалиот коалиционен партнер, социјалдемократкста партија, како и кај синдикатот на полицијата и борците за граѓански права. И од партиите на опозицијата дојдоа првични негативни ракции:
“Тоа е напад врз слободата и демократијата. На овој начин ќе стигнеме до држава во која се‘ се наоѓа под надзор“ - порача шефот на собраниската група на Зелените, Фирц Кун.
А ополномоштеникот за заштита на личните податоци Петер Шаар пак дополни:
“Стекнувам впечаток дека во актуелната дебата се губи мерката, постојано има нови и нови барања, така што веќе нема природна граница во заштитата на личните податоци.“