1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

САД: Серијата масакри продолжува, Бајден порача „Доста е!“

СН/агенции
3 јуни 2022

Американскиот претседател побара од Конгресот да донесе построги закони за спречување на вооруженото насилство во САД. Џо Бајден реагираше на цела серија смртоносни напади со огнено оружје.

Џо Бајден говори во Конгресот за најновите вооружени масакри во земјата
Џо Бајден говори во Конгресот за најновите вооружени масакри во земјатаФотографија: Saul Loeb/AFP/Getty Images

Маж со пиштол уби две жени на паркингот на црква во американската сојузна држава Ајова, а потоа изврши самоубиство. Во друга пукотница ранети се две лица на гробишта во Винсконсин. Пукањето во Ајова се случи вчера, пред црквата Корнерстон, фундаменталистичка христијанска црква, источно од градот Ејмс, додека траела богослужбата, а кога полицијата стигнала на местото пронашла тројца мртви, соопштија од канцеларијата на шерифот.

Во меѓувреме, во друга пукотница ранети се две лица на гробиштата во Рејсин, Вискосин, кога напаѓачот испукал повеќе куршуми кон луѓето кои присуствувале на погреб, соопшти полицијата. Едната жртва е пуштена од болница по прегледите, а втората која е со потешки повреди е префрлена во болница во Милвоки, соопшти претставник на полицијата, додавајќи дека сѐ уште се трага по напаѓачот.

Во САД во последните недели се случија масовни убиства со огнено уружје во кои се загинаа 10 Афроамериканци во северниот дел на Њујорк, 19 деца и двајца наставници во Тексас, и двајца лекари, рецепционер и пациент во болница во Оклахома.

Цвеќиња во спомен на жртвите во масакрот во основното училиште Роб во Увалде, ТексасФотографија: Michael M. Santiago/Getty Images

Бајден: Конгресот да преземе мерки против вооруженото насилство

Извикувајќи повеќепати „доста е“, американскиот претседател Џо Бајден за време на обраќање пред Конгресот ги повика законодавците да преземат мерки против вооруженото насилство, по серијата масовни убиства во САД, притоа истакнувајќи дека училиштата и другите јавни места се претвориле во „полиња на смрт“.

Повеќе: Шоу по масакрот во Тексас: Трамп бара повеќе оружје во училиштата

„Колку сме подготвени да прифатиме уште вооружани масакри“, праша Бајден по минатонеделниот масакар во училиште во Тексас кој го изврши 18-годишник во местото Увалде. „Овојпат мораме да издвоиме време и да преземеме нешто“, рече Бајден.

Тој предупреди дека ако не реагираат законодавците, избирачите треба да го постават овој проблем како централно прашање на ноемвриските избори за Конгресот, кои се одржуваат на половина од неговиот претседателски мандат.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми