1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД се за реформа на ОН, но според сопствена мерка

26 август 2005

По шест месеци преговори и на околу три недели пред јубилејниот самит на ОН кон средината на септември, пакетот-реформи на светската организација се’ уште не е во целост ни подготвен, а САД се обидуваат да го променат во решавачките точки.

И натаму нема согласност околу реформите на ОН
И натаму нема согласност околу реформите на ОНФотографија: UN Photos

Писмото на новиот американски амбасадор во ОН до неговите колеги од 190 земји изгледа како САД да не биле членки на светската организација пред именувањето на Џон Болтон, како да не учествувале во разговорите за поднесениот предлог на реформи. На Болтон не му се допаѓа токму ништо од она што беше договорено во изминатите шест месеци. Во неговите контра-предлози е избришано се’, што на Вашингтон никогаш и не му се допаѓаше: недостасуваат сите укажувања на милениумската цел, на обврската на богатите држави да издвојат 0,7 проценти за развојна помош, токму како и податоците за сузбивањето на сиромаштијата и на сидата.

Според американско гледање, би требало да отпаднат обврските на атомските сили за разоружување, како и ветувањата за подобрување на климата. Наместо тоа, треба да се намали и да биде подобро контролиран менаџментот на ОН, а во преден план се ставаат новиот Совет за човекови права и борбата против тероризмот. Барањето за разоружување е заменето со мерки за неширење на атомското оружје. За администрацијата на претседателот Буш трн во окото е и спомнувањето на Меѓународниот кривичен суд. „Реформата на ОН не е за моментов, туку за вечност“ – нагласува Џон Болтон.

До средината на септември не останува многу време, па Болтон бара форсирана работа, на која и лично ќе учествувал и тоа го бара и од другите амбасадори.

Пакистан, кој исто така достави предлози за промени, се чуди на американската тотална критика во толку задоцнет момент. И Германија би можела да си престави по некоја промена во третиот предлог-текст за реформите, но американските максималистички барања ги смета за „амбициозни“. Другите западни дипломати стравуваат дека Вашингтон го отвора „бурето без дно“ за бескрајни желби, што го разбива со мака постигнатиот компромис. Ваква стратегија САД веќе успешно применија и при дипломатското поткопување на реформата на Советот за безбедност. Претседателот на Генералното собрание на ОН Жан Пинг се обидува да спаси, што може да се спаси од предлог-документот.

“Во целиот свет има надеж дека нешто се придвижи. Јавното мислење ќе ги принуди владите на решенија. Верувам дека реформата ќе биде амбициозна, но не и нереална“ – вли тој.

Пинг сака во едно јадро околу земјите со право на вето да го опфати и Џон Болтон, за да може до 14-ти септември да биде поднесен усогласен и за гласање подготвен документ. Болтон знае како тој треба да изгледа: не подолг од три страници јасен текст, и по можност, произлезен од неговото перо.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми