1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД се најголеми губитници во конфликтот со Северна Кореја

Мартин Фриц
5 септември 2017

Опциите на Доналд Трамп во Северна Кореја се ограничени, затоа што Ким Јонг Ун е тој кој ја предводи играта со нуклеарните и ракетните тестови. САД не можат да се потпрат на Кина и мора да бараат неутрален медијатор.

Kim Jong Un, Donald Trump
Фотографија: picture alliance/AP Photo

Тестот на хидрогенската бомба на Северна Кореја во неделата е тежок момент за САД. Една единствена бомба од тој тип, доколку се употреби за напад може да збрише цел град како Њујорк. Експлозија на хидрогенска бомба над Силиконската долина би можела комплетно да ги парализира американските технолошки гиганти како Епл, Фејсбук и Гугл. А Пјонгјанг наскоро ќе биде способен за изведување на такви напади.

САД досега не успеаја да им стават крај на нуклеарните и ракетните програми на Северна Кореја. Уште пред 11 години Советот за безбедност на ОН и воведе санкции на таа земја откако утврди дека извршила нуклеарен тест. Оттогаш, режимот во Пјонгјанг само ги засилува своите способности. Јасно е од неодамнешните реакции од Вашингтон дека таму не очекуваа ваков развој и дека се целосно неподготвени за да го решат проблемот.

Кина профитира?!

Претседателот на САД, Доналд Трамп му се заканува на режимот во Северна Кореја. Но, ниту конвенционален, ниту нуклеарен напад е реална опција за Вашингтон. Јужна Кореја и Јапонија, сојузниците на САД во регионот, нема да дозволат такво нешто, затоа што ќе бидат директни жртви на одмазднички напади. А доколку САД одлучат да воведат дополнителни санкции за да го зголемат притисокот и да чекаат на ефектите од нив, Пјонгјанг само ќе добие повеќе време за усовршување на програмата.

Мартин ФрицФотографија: Privat

Северна Кореја сака да преговара за мировен договор со гаранција дека ќе бидат укинати санкциите. Но тоа не е сѐ; Северот сака да биде признаен како нуклеарна сила од меѓународната заедница. Севернокорејските претставници го наведуваат примерот на Пакистан, кој беше прифатен како нуклеарна држава од САД. За почеток на преговори со Северот, САД ќе мора да се откажат од барањето за забрана на нуклеарното оружје на Корејскиот Полуостров. Веројатно би можеле да испреговараат ограничување на нуклеарниот арсенал, но ништо повеќе од тоа. Но, тоа нема да биде прифатено од Сеул и Токио.

„Двојната игра“ на Кина е исто така фрустрирачка за администрацијата на Трамп. САД зависат од Пекинг за имплементација на санкциите на ОН кон Северна Кореја. Но, кинескиот претседател Си Џинпинг има свои цели. Предложеното нафтено ембарго врз Северна Кореја нема да биде поддржано од Кина. Второ, Пекинг сака да го ослабне влијанието на Вашингтон во источна Азија. Нуклеарната и ракетната програма на Пјонгјанг се покажува како корисно средство со кое Пекинг и се спротивставува на алијансата на САД со Јужна Кореја и Јапонија.

Русија не е неутрална

Ни Русија, во никој случај, не е неутрален играч во корејскиот конфликт. Перцепцијата дека рускиот претседател Владимир Путин сака да ги понижи САД не може да се отфрли. Брзиот напредок на севернокорејската ракетна технологија раѓа сомнежи за руска помош иако нема цврсти докази за тоа. Во секој случај, промената на балансот на силите на Далечниот Исток укажува на важната улога на Русија во регионот. Инсистирањето на Москва на натамошни преговори, наместо санкции, се вклопува во таа теза.

Од кој агол и да погледнете, САД се најголемиот губитник во актуелниот корејски конфликт. Твитовите на претседателот Трамп го потврдуваат тој факт.

Вашингтон треба да бара неутрален медијатор за решавање на конфликтот. Тоа можат да бидат Шведска или Германија, на пример. Сепак, мерките ќе бараат големо ниво на зрелост во Вашингтон- нешто што во сиот овој период недостасува.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми