1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

САД со поддршка за Меј против Русија

СН/ агенции
15 март 2018

По нападот врз екс-агентот Скрипал, американската влада ѝ даде поддршка на британската премиерка Меј во постапувањето против Москва. Во моментов на повидок е натамошна ескалација на конфликтот.

USA UN Sicherheitsrat
Фотографија: picture-alliance/Photoshot

САД ја делат оценката на Велика Британија дека Русија стои зад нападот со нервен гас врз поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал во Англија. Ова го соопшти претседателскиот кабинет во Вашингтон. Одлуката на Тереза Меј за протерување на 23 руски дипломати од Велика Британија е „праведен одговор". Амбасадорката на САД во Обединетите нации, Ники Хејли во Советот за безбедност на Светската организација, исто така, ја обвини Русија за нападот. Таа го повика највисокото безбедносно тело на ОН да преземе „итни конкретни мерки".

Повеќе на темата:

-По труењето на Скрипал: Лондон протера руски дипломати

-Кремљ се брани од „циркусот“ со труењето

-Агенти и одмазда: смениш ли страна, те чека отров

Русија и Велика Британија разменија обвинувања за време на итно свиканата вонредна седница на Советот. Премиерката Меј создава „хистерична атмосфера", рече рускиот амбасадор на ОН Васили Небензја. Тој отфрли каква било вмешаност на неговата земја во нападот врз Скрипал и побара јавно објавување е на наводните докази. Русија има право на вето во Советот, што може да го искористи за да ги блокира неговите одлуки.

Велика Британија нема да биде поколебана од „негирањето, одвлекувањето и заканите" на Русија, одговори британскиот амбасадор на ОН, Џонатан Ален. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш претходно изрази „длабока загриженост" поради ситуацијата.

Фотографија: picture-alliance/dpa/AP Photo/A. Matthews

Инаку покрај протерувањето на руските дипломати, премиерката Меј најави и други санкции, вклучително и  построги гранични контроли и потенцијално замрзнување на средства на руските државни компании во Британија. Исто така, ни членови на владата ниту членови на британското кралско семејство на лето нема да патуваат на Светското првенство во фудбал, кое за првпат ќе се одржи во Русија.

Веднаш по објавувањето на овие мерки, ескалацијата на конфликтот стана очигледна. Руското министерство за надворешни работи ги смета санкциите за „невидена сурова провокација". Според министерството неприфатливо е дека британската влада посегнува по санкции. Лондон ги жртвува дипломатските односи меѓу двете земји за да ги спроведе своите политички интереси, порачаа од министерството. Москва се закани со одмаздата, која треба допрва да следи.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми