1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД со пораки и до власта и до опозицијата во Македонија

СН/афп19 мај 2015

САД изразија загриженост за политичката криза во Македонија и ја повикаа владата да ги истражи обвинувањата за корупција. Опозицијата пак ја повикаа да се врати во парламентот за да го зајакне надзорот над институциите.

Фотографија: picture alliance/AA

„Остануваме во блиски консултации со македонската влада и со политичките лидери за да ја проследиме нашата загриженост поради актуелната политичка криза“, изјави портпаролот на американскиот Стејт Департмент Џеф Ратке (насловна фотографија) пред новинарите.

Вашингтон, според Ратке „од блиску“ ги следи настаните во Македонија, каде десетици илјади приврзеници и противници на премиерот Никола Груевски, излегоа на собири на улиците во изминатите два дена.

Вашингтон ги „повикува властите да остварат напредок кон обезбедувањето одговори за обвинувањата за нерегуларни постапки од владата , кои произлегуваат од неодамна објавените материјали“, им изјави Ратке на новинарите.

„Истокака ја повикуваме опозицијата да се врати во парламентот за да учествува во зајакнувањето на парламентарниот надзор на македонските владини институции, вклучувајќи ја и истражната комисија за објавените материјали“, рече портпаролот на американското министерство за надворешни работи, додавајќи:

„Охрабрени сме од чекорите преземени од страна на владата во минатата недела да смени клучни министри и функционери кои беа имплицирани. Сметаме дека тоа е позитивен чекор, но веруваме дека македонските лидери мора да работат заедно и да отпочнат дијалог за прашањата со кои е соочена земјата, во кои се вбројуваат неопходните реформи и актуелната политичка криза“.

Ратке уште ги повика двете страни „да ги почитуваат правата на слободно собирање и мирен протест“.



Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми