САД станаа земја со најмногу луѓе кај кои е потврдена заразата со новиот коронавирус. Особено погодена е метрополата Њујорк со преку 20 илјади заболени од Ковид-19.
Реклама
Според актуелните податоци на универзитетот Џонс Хопкинс, во САД се инфицирани околу 86 илјади луѓе, а починале најмалку 1300.
САД во текот на изминатата ноќ ја надминаа Кина, која бележи близу 82 илјади случаи на Ковид-19, како и Италија каде се регистрирани околу 80.500 заразени. Оваа европска земја има најмногу смртни случаи од болеста, која ја предизвикува новиот коронавирус - 8215.
Што се однесува до брзиот скок на регистрирани случаи во САД, експертите упатуваат на фактот дека во последниве денови е значително интензивирано тестирањето на луѓето. Во моментов болеста е особено распространета во метрополата Њујорк. Болниците во градот се преполнети од тешки случаи, а бројката на инфицирани надмина 20 илјади.
Наредното кризно жариште, според експертите, треба да биде Њу Орлеанс, каде се смета дека карневалските прослави го забрзале ширењето на вирусот. И во двата града наскоро би можело да дојде до опасен недостаток на респиратори.
Универзитетот Вашингтон, пак, во меѓувреме објави студија во која се вели дека во наредните четири месеци од Ковид-19 во САД би можеле да починат 81.000 луѓе.
Упатства: Како да се заштитите од коронавирус
Луѓето ширум светот ставаат заштитни маски за дишење за да спречат вирусна инфекција. Сепак, други мерки се поефикасни. Еве неколку совети засновани на упатствата на СЗО.
Фотографија: Getty Images/X. Chu
Подобро од ништо
Не е докажано дека маските за лице можат ефикасно да ве заштитат од вирусни инфекции. Овие маски веројатно се во можност да фатат некои микроби пред да стигнат до устата или носот. Но уште поважно е тоа дека тие ги спречуваат луѓето да ги допираат устата или носот (што повеќето луѓе го прават инстинктивно). Ако веќе сте болни, таквите маски може да спречат да не заразувате други.
Фотографија: Getty Images/Stringer
Дезинфицирајте ги рацете
Во својот список на препораки како да се заштитите од зарази, Светската здравствена организација не споменува маски за лице. На врвот е често миењето на рацете. СЗО препорачува дезинфекциско средство за рацете на база на алкохол, како на фотографијата, кои најчесто ги гледаме во болниците
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Pilick
И сапун и вода ќе завршат работа
Поедноставното секојдневно решение се водата и сапунот, ако ги имате при рака. Но, проверете дали темелно ги миете рацете...
Фотографија: picture alliance/dpa/C. Klose
Кашлање и кивање - но направете го тоа правилно!
Еве што препорачуваат лекарите: Кога кашлате и кивате, покријте ја устата и носот со вашиот подигнат лакот. Или користете книжни марамчиња - но потоа веднаш фрлете го марамчето и измијте ги рацете. А кошулата или џемперот? Не, нив не мора да ги фрлите. Но, перете ги често или однесете ги на хемиско чистење.
Фотографија: Fotolia/Brenda Carson
Стојте подалеку!
Друга препорака која можеби не функционира за сите: Избегнувајте близок контакт со секој кој има треска и кашлица! Ако треба да имате контакт со болни луѓе, погрижете се да преземете дополнителни заштитни мерки.
Фотографија: picture alliance/empics
Имате треска? Одете на лекар, а не на патување!
Ако имате треска, кашлица и отежнато дишење, побарајте лекарска помош навреме. Избегнувајте јавни места за да не ги инфицирате другите. И, исто така, објаснете му на вашиот лекар каде претходно сте патувале.
Фотографија: Reuters/P. Mikheyev
Избегнувајте контакт!
При посета на сточни и зелени пазари во области во кои во моментот има случаи на новиот коронавирус, избегнувајте директен незаштитен контакт со живи животни. Тоа исто така вклучува какви било површини кои се во контакт со животни.
Фотографија: DW
Добро термички обработено - не сурово!
Варете,печете и пржете го месото темелно. Потребно е да се избегне конзумирање на сурови, недоволно термички обработени производи од животинско потекло. Со суровото месо, млекото или животинските органи треба да се постапува внимателно за да се избегне инфицирање од термички необработена храна. Овие се добри практики за безбедност на храната и помагаат да се спречи ширењето на болести.
Фотографија: picture-alliance/Ch. Mohr
8 фотографии1 | 8
Во светот инаку, според актуелните податоци, досега заразата со коронавирусот е потврдена кај преку 530 илјади луѓе, а бројот на починати изнесува над 24 илјади.