1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД ја обвинуваат Русија за лицемерие

ЕМФ/дв/миа3 јуни 2014

Советот за безбедност на ОН првпат расправаше по една руска предлог резолуција за кризата во Украина. Поддршката за документот е мала.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Во предлог резолуцијата поднесена од Москва се бара ставање крај на борбите на истокот на Украина и сооздавање безбедносни коридори за да се овозможи доставување хуманитарна помош за цивилното население во регионот во којшто се водат борби. Документот, според британскиот амбасадор во ОН, Марк Лајал Грант, наишол на мала поддршка во формата во која е понуден: „Нема недостиг на храна, нема опсада на градови, така што не е сосема јасно со што би се оправдало создавањето хуманитарни коридори“, рече тој.

Тврдењето на Москва дека сака да го запре насилството во Украина, според САД се „лицемерие“, затоа што, како што рече портпаролката на американското Министерство за надворешни работи, Џен Псаки, „Русија не направи ништо за да ги спречи сепаратистите во Украина постојано да напаѓаат нови цели“.

Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин, од своја страна, истакна дека предлог резолуцијата наишла на „извесни позитивни реакции и поддршка“, но дека Москва се‘ уште не донесла одлука за своите натамошни чекори во поглед на работата врз нејзиниот текст.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми