1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД ја обвинуваат Русија за повреда на украинскиот воздушен простор

АТ/ афп/ ртр26 април 2014

Откако со недели руските трупи се стационираа на границата со Украина, сега и борбени авиони навлегле во украинскиот воздушен простор, велат од Пентагон. Москва тоа го демантира.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Руски воени авиони, според податоци на Министерството за одбрана на САД, повеќе пати навлегле во украинскиот воздушен простор. Портпаролот на Пентагон, Стивен Вoрен, ја повика Москва да преземе „итни чекори за деескалација на ситуацијата“.

Дипломатското решение било отежнато

Американскиот министер за одбрана Чак Хејгл се обидел телефонски да стапи во контакт со неговиот руски колега Сергеј Шојгу, за со него да разговара за украинската криза. Москва меѓутоа досега не реагирала. Хејгл критикуваше дека руската воена раздвиженост на границата со Украина во последните недели била опасна провокација и дека со ваквото однесување руската влада го отежнувала мировното, дипломатско решение.

НАТО смета дека Русија разместила околу 40.000 војници на границата со Украина. Нејасно е каде и кога руските воени авиони навлегле во воздушниот простор на Украина. Исто така непознати се и намерите, дали претседателот Владимир Путин со тоа сакал да демонстрира воена моќ или со акцијата требало да се тестираат украинските радари, или и двете работи? Москва ги отфрла обвинувањата од Пентагон дека руски борбени авиони при воени вежби недозволено навлегле на украинска територија. Ова „популистичко тврдење“ е целосно измислено, изјави портпарол на руската армија за агенцијата Итар Тас.

Сателитските снимки на НАТО ги потврдуваат руските воени активности на границатаФотографија: DigitalGlobe/SHAPE/dpa

Акција против про-руските активисти

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук вчера ја обвини Русија дека сакала да провоцира „трета светска војна“. Во четвртокот украинските сили за безбедност преземаа масовна акција против проруските сили во Славјанск. Во оваа акција, според Киев, имало повеќемина мртви од редовите на проруските сепаратисти. Како реакција на ова Путин нареди нови воени маневри на границата со Украина.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми