1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД ја потсетуваат ЕУ каде е местото на Северна Македонија

БГ
31 октомври 2019

Американски претставници денеска испратија неколку директни пораки до ЕУ и до домашните политички фактори за иднината на земјата и почитувањето на потпишаните договори.

USA Philip Ricker in Mazedonien
Фотографија: MIA

Американскиот помошник-државен секретар Филип Рикер денеска ги критикуваше како „погледи од 19 век“ ставовите на некои лидери на ЕУ кои го блокираа почетокот на преговорите на Северна Македонија и Албанија со Унијата. Во интервју за Слободна Европа, Рикер уште еднаш ја потенцираше разочараноста на Вашингтон поради блокадата на европскиот пат на Скопје и Тирана.
„Ние бевме разочарани што Европскиот совет не отвори преговори со Северна Македонија и Албанија, и тоа го кажа и секретарот Помпео.
Европската перспектибва на овие земји е клучна компонента и на нашата надворешна политика. Ние не сме членки на ЕУ, но го поддржуваме тој идеал, и нашите програми за поддршка и нашата дипломатија ги поддржуваа реформските напори на овие земји за да се придвижат во таа насока, затоа што сметаме дека тоа е во најдобар интерес на тие земји и на ЕУ.“
„Разочарувачки е да се види дека некои лидери на ЕУ имаат поглед од 19 век кон регионот на Западниот Балкан“, рече Рикер во разговорот, веројатно алудирајќи на блокадата на Франција на самитот во Брисел.
Неговиот колега од Стејт Департментот, Метју Палмер кој веќе неколку дена е во Скопје, исто така ја потврди поддршката на САД за евроинтеграциите и европската перспектива на земјата.
„Тоа јасно го кажав тука во Скопје и ќе продолжиме тоа да го истакнуваме и пред нашите европски партнери, исто така“, рече Палмер по средбата со премиерот Заев.
Во светло на најавите на опозицијата во Северна Македонија дека бара начини како да го поништи Преспанскиот договор, Палмер порача дека тој договор е „основа за мир, стабилност и просперитет во балканскиот регион“. Палмер, кој е и специјален пратеник за Западниот Балкан, од Скопје ја започна балканската турнеја која продолжува во Приштина, Белград и Атина.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми