1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД “ја убедуваат” Германија воено да се ангажира на југот на Авганистан

7 септември 2007

Најспорна тема во германската надворешна политика во моментов е ангажманот на Бундесверот во Авганистан

Ричард БаучерФотографија: AP

Бундестагот наскоро ќе решава за продолжувањето на ангажманот на припаниците на Бундесверот во Авганистан. Германските војници несомнено ќе продолжат да дејствуваат во рамките на ИСАФ, но големи се разијдувањата околу учеството во борбениот антитерористички ангажман Ендјуринг Фридом, предводен од Американците.

Спроти решавањето во Бундестагот, Ричард Баучер, раководител на одделот за Авганистан во американскиот Стејт департмент, два дена во Берлин разговараше со претставници на владата и парламентарци. Баучер побара германско воено присуство и на завојуваниот југ на Авганистан – во најмала рака барем инструкторите да ги придружуваат единиците на авганистанската армија што ги обучувале, кога тие ќе бидат прекомандувани на југот.

Бундесверот, меѓутоа, консеквентно останува далеку од југот, а министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг не дозволува ни поединечни германски воени инструктори да ги придружуваат домашните единици таму. Во јавната реторика на германската влада цивилната обвона игра се’ поголема улога, а Баучер го смета за еднакво важен и воениот ангажман.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми