1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Салафизам: мисија под превез

Штефани Хепнер
2 јуни 2018

Службата за заштита на уставниот поредок во Северна Рајна Вестфалија во фокус има нова салафистичка мрежа.За познавачот на исламот Муханад Хорчиде тоа не е изненадување: во изминативе години се активираат се повеќе жени.

Deutschland Salafismus Frauen
Фотографија: picture alliance/dpa/B. Roessler

Дојче Веле: Покраинското одделение на Службата за заштита на уставниот поредок во СРВ откри нова салафистичка мрежа со речиси 40 члена, така наречена Сестринска мрежа. Колку оваа вест е изненадување за вас?

Муханад Хорчиде: Оваа вест за мене не е никакво изненадување? Не би ме изненадило да има и други салафистички мрежи – иако веројатно помалку органзирани. Добро е познато дека многу салафистички заедници сакаат да се изолираат од општеството и да се "заштитат" од Западот - со свои методи на образование и со обид за градење институции по сопствен терк, од градинка до училиште. Изолацијата исто така, се однесува и на тоа каде смеат да купуваат или каде да го поминуваат слободното време.

Какви активности имаат жените во една салафистичка мрежа?

Најчесто жените се познаваат лично или преку муслиманската заедница од џамија. Ако мажите им се во затвор или починати, жените си се солидаризираат, се поддржуваат и се дружат. Притоа не се работи за религија, туку за заедништво: тие заедно готват, се дружат и играат заеднички игри. Сето ова има врска со идентитет и припадност. Жените се чуствуваат како дел од група со сите нејзини убедувања. Тие велат: „Мора да бидеме силни и да се држиме цврсто против западното корумпирано општество." Интернетот не игра голема улога во функционирањето на мрежата. Во најголем дел тоа се луѓе кои лично се познаваат меѓусебе.

Каква е улогата на жените во салафизмот, општо земено?

Жените долго време не паѓаа во очи ниту се сметаа за сомнителни. Дури од пред неколку години властите почнаа да ги анализираат и нив како можни осомничени. Притоа стана јасно дека жените имаат активна улога во салафистичкото движење – не само во позадина како поддршка на семејството. Тие исто така ја проповедаат идејата, регрутираат други жени и ги поддучуваат. Во позадина на сето ова е ширење поддршка за идеологијата.

Фотографија: privat

Улогата на жената во изминативе години е сѐ поголема, и тоа во џихадистички контекст, при што мора да се нагласи дека не секој салафисти или џихадист е и потенцијален атентатор. Жените играат голема улога во таканаречениот „Свадбен џихад". Тоа е кога некоја жена се мажи со џихадист, за свесно да стане вдовица на идниот самоубиец. Се верува дека ќе му се приближи на Бога, со тоа што се става на располагање како жена.

Што е тоа во салафизмот што привлекува жени?

Салафизмот во Европа особено кај мигрантите е поврзан со градење идентитет. Салафизмот го дели светот на добар и лош. Неговите членови веруваат дека оној кој му припаѓа на салафизмот се смета за добар. Бог е особено поврзан со салафистите и тие ќе одат во рајот, додека другите ќе ги казни и ќе завршат во пеколот. Со оваа едноставна идеологија тие го структурираат светот и на тој начин го креираат идентитетот – особено важно за оне кои бараат признавање во општеството и се чувствуваат маргинализирани и немоќни.

Салафизмот им дава на луѓето чуство на моќ и признавање. Самодовербата им се зголемува преку чувството на припадност. Сето ова го прави салафизмот привлечен и за мажите и за жените. Салафизмот на жените им нуди перспектива во однос на нивниот идентитет и јасна припадност во една заедница во која сите се држат заедно.

Безбедносните власти идентификувле повеќе десетици жени како осомничени салафисти. Според вас колку се опасни овие жени од Сестринската мрежа?

Јас не гледам посредна опасност од тероризам. Жените во принцип не се состануваат за да планираат терористички напади, туку за да го потврдат нивниот идентитет. Многу повеќе се работи за планови како да си ги заштитат децата од општеството, а помалку за терористички планови. Најопасното нешто во врска со нив е изолацијата и креирањето на паралено општество.

Фотографија: picture alliance/dpa/C. Charisius

Какви мерки треба да се преземат?

Важно е да тие да се препознаат. Претежно тоа се млади луѓе кои залудно бараат признавање во нашето општество. Тие треба да добијат чувство дека и овде можат да успеат да застанат на нозе. Тоа е општествена задача, да се размисли како можеме да ги интегрираме овие луѓе уште подобро.

Професорот Муханад Хорчиде е раководител на Центарот за исламска теологија на Универзитетот во Минстер. Социологот кој е роден во Либан, е познавач на исламот и верски педагог кој се залага за историско-критичка интерпретација на Куранот.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми