1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самарас во Берлин одби да одговори за спорот за името

Силвера Падори-Кленке23 септември 2014

На прес конференцијата во Берлин, по средбата со канцеларката Ангела Меркел, грчкиот премиер Антонис Самарас одбегна да одговори на до него јасно формулираното прашање на ДВ за Македонија

Фотографија: Reuters/Fabrizio Bensch

„Денеска не разговаравме за спорот со името. За тоа во друга прилика разговаравме и ќе разговараме. Денес на дневен ред беа билатерални прашања“, изјави канцеларката Ангела Меркел, одговорајќи на до неа поставено прашање на Дојче Веле: дали на средбата со нејзиниот грчки колега Антонис Самарас, која е прва по самитот за Западен Балкан во Берлин, е разговарано за спорот со името со Македонија?

Меркел која денес по безмалку две години му беше домаќин на грчкиот колега Самарас, беше мошне кратка и внимателна во одговорот, воопшто не употребувајќи го името Македонија. Шефот на грчката влада, пак Антонис Самарас, се надоврза на Меркел велејќи дека „ од негова страна нема ништо да дополни“, со што средбата со новинарите заврши, а Самара делуваше „блокирано“ и не одговари на до него јасно поставеното прашање:

„Г. Премиер, Вие секогаш велите дека европските вредности се многу, многу важни за Грција. Не е ли време, овие европски вредности да добијат предимство, пред вашите политички интереси кои ја блокираат Македонија?“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми