1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самарас попушти пред притисокот на ЕУ...или сепак не?

23 ноември 2011

Со Грција стрес без крај. По повеќе закани од страна на ЕУ дека нема да и‘ даде помош на Атина, лидерот на Неа Демократија, Антонис Самарас, им напиша писмо на ЕУ, ЕЦБ и ММФ.

Antonis Samaras
Антонис СамарасФотографија: picture-alliance/dpa

Во писмото до Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, лидерот на Неа Демократија, Антонис Самарас, денеска (23.11) пишува дека неговата партија работи консеквентно за успех на мерките за штедење и реформи за да се врати довербата на пазарите.

Претходно, Самарас одбиваше ваква определба во писмена форма и со тоа предизвика криза пред исплаќањето на наредната транша помош за Грција од осум милијарди евра, без која земјата ќе банкротира. Во писмото, Самарас претпазливо вели дека дел од мерките за штедење, кои досега не донеле успех, треба да се разгледаат повторно, но „се‘ во рамки на програмата“.

Писмото на Самарас доаѓа откако ЕУ се закани дека нема да дозволи наредната транша помош за Грција да биде исплатена доколку земјата не даде писмена гаранција дека ќе ги спроведува реформите и ќе се држи до мерките за штедење. Засега е нејасно дали ЕУ ќе се задоволи со писмото на Самарас.

Автор: ЕМФ/дпа

Редактор: Г. Чутаноски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми