1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самитот за ЦЕТА откажан

СН /дпа,афп,ртр
27 октомври 2016

Прво канадската делегација го откажа своето патување за Брисел, а потоа ЕУ соопшти дека самитот меѓу Унијата и Канада за потпишување на ЦЕТА нема да се одржи. Задоцнет успех беше постигнат на преговорите во Белгија

Berlin  Protest gegen Handelsabkommen Ceta Symbolbild
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Carstensen

Европската Унија го откажа за денеска планираниот самит со Канада, по неуспехот на време да се разреши интерната белгиска блокада околу историскиот трговски договор, за тој да биде потпишан од двете страни.

Белгиската федерална влада беше заглавена во обидот да ја убеди владата на сојузната покраина Валонија да го поддржи договорот ЦЕТА, со кој треба да се укинат трговските бариери и да се олесни протокот на стоки и услуги меѓу Унијата и Канада.

„Со оглед дека сите земји членки на ЕУ не се подготвени да го потпишат ЦЕТА договорот, самитот ЕУ-Канада нема да започне денеска како што беше планирано“, соопшти анонимен европски дипломат. Без согласноста на сите 28 држави членки  Унијата не може да го склучи Сеопфатниот економски и трговски договор (ЦЕТА). 

Портпарол на канадското министерство за трговија уште доцна синоќа соопшти дека канадската делегација предводена од премиерот Џастин Трудо нема да патува во Брисел, како што беше планирано. „Канада останува подготвена да го потпише важниот договор кога Европа е подготвена за тоа“, истакна портпаролот Алекс Лоренс.

Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Turczyk

Кризните преговори за  постигнување компромис прифатлив за сите страни во Белгија кои започнаа во вторникот продолжија утрината. Постоеја надежи дека конечен договор ќе биде постигнат пред средбата на амбасадорите на ЕУ подоцна претпладнето. Централната влада на Белгија го поддржуваше договорот ЦЕТА, но тоа мислење бешее споделено само од сојузната покраина Фландрија додека во Валонија, смета дека условите од договорот се лоши за фармерите во Европа и им даваат преголема моќ на глобалните корпорации. Приврзаниците на ЦЕТА велат дека со него трговската размена со 12-тиот по големина партнер на ЕУ  ќе се зголеми за 20 проценти.

По откажувањето на денешниот самит ЕУ-Канада нејасно е кога средбата за потишување на ЦЕТА договорот би требало да биде одржана. Во моментов нема нов датум, цитираше агенцијата Франс Прес неименуван европски претставник. Германски владини извори пак изразија надеж дека самитот би можел да се одржи набргу.  Во тоа може да придонесе и фактот дека преговорите во Белгија завршија успешно, додуша со задоцнување.  Белгискиот премиер Шарл Мишел објави дека е постигнат договор со белгиските региони и јазичните заедници што отвора пат за наскоро да биде потпишан договорот за слободна трговија помеѓу Европската унија (ЕУ) и Канада.  „Постигнавме договор. Текстот на договорот веднаш му беше испратен до Одборот на постојаните преставници на ЕУ“, изјави Мишел по состанокот со претставниците на белгиските региони и јазични заедници.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми