1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самит во Лондон: Внатрешни конфликти го тресат НАТО

БГ /РТР
3 декември 2019

Трамп против Макрон, Макрон контра Ердоган, и така во круг. Тројцата лидери влегоа во жесток судир уште пред формалниот почеток на самитот на НАТО.

London NATO-Gipfel Macron und Trump
Фотографија: Reuters/L. Marin

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја нападна критиката на францускиот лидер насочена кон НАТО, но Макрон остана на својата изјава и притоа ја продолжи осудата на Турција.
Тројната битка фрли сенка на почетокот на јубилејниот самит на Алијансата на нејзината 70-годишнина, заканувајќи се да ги уништи напорите да се изгради единство во однос на Русија и Кина.
Макрон се обиде да ја наметне својата агенда на состаноците барајќи нова стратегија на НАТО, но Трамп го пресретна со жесток одговор.
„Мислам дека тоа е многу навредливо“, рече Трамп коментирајќи ја минатомесечната оценка на Макрон дека НАТО е „мозочно мртво“, дополнувајќи дека таа изјава била „многу гадна“.
„Никому не му е потребен НАТО повеќе одошто на Франција. Тоа е многу опасна изјава“, рече Трамп.
Американскиот претседател подоцна го оменка тонот за време на заедничката прес-конференција со Макрон, но и тогаш двајцата лидери си разменија критики. Најпрво Трамп полу на шега прокоментира дека одговорот на Макрон на новинарско прашање како Франција се справува со повратниците од Исламската државва е „еден од најголемите не-одговори кој го слушнал“.
Макрон пак му противречеше за начинот на кој Турција купува руски противракетен систем, и ја обвини Турција дека соработува со екстремисти во Сирија.

„Заедничкиот непријател денес се терористичките групи, и жал ми е што морам да кажам дека немаме иста дефиниција за тоа на масата“, рече Макрон.
Макрон и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган подоцна се соочија на четирипартитните разговори заедно со германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер Борис Џонсон. Меркел изјави дека е „релативно оптимистична“ по средбата, но Макрон предупреди дека „не ги добил сите објаснувања и не биле решени сите недоречености“.

Кина станува закана
Ердоган пак се закани дека ќе го спречи планот на НАТО да им понуди заштита на балтичките држави од Русија, доколку сојузниците не ги прогласат курдските милиции за терористички групации.
Полскиот претседател Анджеј Дуда го минимизираше судирот изјавувајќи дека верува оти може да се најде „добро решение“.
Но и тој го нападна Макрон, барајќи од него да престане да го критикува НАТО и да понуди „конкретни предлози“ за подобрување на сојузот.

Макрон, Џонсон, Ердоган и Меркел во ЛондонФотографија: Reuters//Presidential Press Office/M. Cetinmuhurdar

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг одново го критикуваше Макрон изјавувајќи дека „сојузниците никогаш не треба да ги доведуваат во прашање единството и политичката волја за заедништво и меѓусебна одбрана“.

Суштината на самитот и онака е тенка, со планирана само една тричасовна сесија, на која лидерите се очекува да ги одобрат одлуките кои се веќе донесени на ниво на министри за надворешни работи и одбрана. Меѓу нив се и решенија вселената да биде прогласена за конфликтна зона заедно со почвата, морето, воздухот и сајбер просторот, а за првпат ќе се адресираат и предизвиците од Кина.

„Сега признаваме дека растот на Кина има безбедносни импликации за сите сојузници“, изјави Столтенберг.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми