1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самит за Брегзит: пропуштена шанса

Барбара Везел | Кристоф Хаселбах
18 октомври 2018

На самитот на ЕУ во Брисел можеше да се искаже оптимизам, за конечно наоѓање на решение за времето по Брегзит. Но, сега дури не е сигурен ниту новиот самит во ноември

Belgien | Beginn EU-Gipfel mit Beratungen zum Brexit
Фотографија: picture-alliance/dpa/Belga/T. Roge

Повторно нема договор со Велика Британија. 27-те шефови на држави или на влади практично не слушнаа ништо ново од британската премиерка Тереза Мај. Затоа, и немаше многу за што да се зборува. Но, тоа исто така би можело да значи дека на средината на ноември нема да има посебен самит во Брегзит. Зашто каква смисла  би требало да има тој самит, ако конечно не се дојде до договор со Британците? Иако времето истекува - Велика Британија ја напушта ЕУ со или без договор на крајот на март - повторно не беше постигнат напредок. Евентуален Брегзит без договор може да предизвика хаотични економски превирања и правна неизвесност за милиони граѓани.

Меј без нови понуди

Пред синоќешниот краток самит бројни лидери од ЕУ искажаа увереност дека ќе биде постигнат напредок, но тоа беше дел од вообичаениот претсамитски оптимизам.  Но имаше и други сигнали кон Лондон. Како потсетување за Велика Британија дека сега веќе „игра во продолжение”, француската влада кратко пред Самитот на ЕУ објави пакет закони со вонредни мерки, во случај да има Брегзит без утврдени правила. Пакетот содржи планови за правата на граѓаните, за граничните контроли, за дополнителен број царинари и други подготовки на северот на Франција, кој би бил особено погоден од Брегзит. Тоа е сигналот дека нештата стануваат сериозни. Владата на Ангела Меркел пак, ја засили таквата порака со нејзината изјава. За прв пат и таа јавно проговори за постоењето на таквите планови: „Се подразбира” дека е дел од работата на владата да се подготви „за секакви сценарија”.

Фотографија: Getty Images/S. Gallup

Преговорите повторно се најдоа во ќорсокак откако минатата недела обидот за постигнување договор на самиот финиш беше блокиран од британска страна. 

Повеќе на темата:

-Сѐ уште нема договор за Брегзит - на Меј ѝ гори под нозе

-Почнува последниот чин од драмата Брегзит

-Единство има само против ЕУ

Ангела Меркел ќе беше среќна, да се завршеше работата со договорот за излез на Велика Британија од ЕУ. Сега пак, сака со ситуацијата да се справува според мотото “да се проба се за да се постигне договор.” Канцеларката е без дилема најискусниот преговарач меѓу колегите и знае дека мора да се прави поголем притисок за да има придвижување на британска страна и да се извади посебна “креативност”, која претседателот на Советот на Европа Доналд Туск ја бара од учесниците во преговорите.

Францускиот претседател  Емануел Макрон  спроти средбата во Брисел пак порача: „Мојата порака е порака на надеж и итно постапување. Тереза Меј мора да ни каже што е за неа прифатливо за да го одржи балансот во сопствената влада.” 

Но самата Меј по самитот само штуро истакна „Договор е на дофат. И сега е време, да го овозможиме тоа“. Но таа не кажа ништо поконкретно и воопшто не направи отстапки: „Многу од она што ни го кажа, беше веќе познато“,  разочарано изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц.   Во меѓувреме во преговорите прашањето за Северна Ирска стана новиот Гордиев јазол.

Никој не би се обложил на исходот

Преговарачот на ЕУ Мишел Барние кој ги известува премиерите околу последниот развој на преговорите, веројатно ги свртел во глава сите варијанти со границата на Северна Ирска. Обидот да се стават под една капа потребите на тамошното население, црвените линии на Унионистите и на владата во Лондон, како и нужноста на ЕУ да си ги штити надворешните граници и внатрешниот пазар, станаа нов Гордиев јазол, кој до сега не можеше никој да го разбие.

Ирскиот премиер Лео Варадкар повторно нагласи дека за него нема друга алтернатива освен законски обврзувачко истапување од ЕУ, т.н. “backstop”, кој ќе гарантира дека нема да настане граница на ирскиот остров. Тој не гледа решение ниту во подолг преоден период, какво  што предложи Барние за да ги обнови преговорите: “Може да дискутираме за подолг преоден период, но тоа не е алтернатива за бекстоп.”

Исходот од тешкиот развод од Велика Британија и натаму е отворен. Дали ќе успее да се спроведе на мирен и регулиран начин, е нејасно. Во Брисел не се обложуваат на исходот.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми