Самит на Г8 во Хајлигендам
6 јуни 2007Во Хајлигендам, Германија, под огромни мерки за безбедност започна самитот на Г8. Домаќин на шефовите на најразвиените земји во светот и Русија е германската канцеларка Ангела Меркел. Официјалниот дел започнува попладне, кога Меркел ќе разговара најпрвин со американскиот претседател Џорџ Буш, а потоа и со претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Николас Саркози. Главни теми на тридневниот самит се климатските промени, борбата против сиромаштијата во земјите во развој како и економската и финансиска политика на индустриските земји. Американски претставници веќе соопштија дека финалното коминике нема да содржи долгорочни цели за справување со климатските промени. Се очекува да стане збор и за кризата на Блискиот исток и ситуацијата во Авганистан. Местото на самитот е обезбедувано од 16.000 полицајци.