1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самит на Комонвелтот - Зимбабве останува под суспензија

8 декември 2003
Состојбите во развојот и демократијата требаше да биде на врвот на средбата на Комнвелтот во главниот град на Нигерија, Абиџан. Меѓутоа, доминираше прашањето дали да се укине суспензијата на членството на Зимбабве или да се продолжи. Синоќа шефовите на делегациите решија тој статус да мирува. Сите ќе му помагаат на Зимбабве да се врати во овој сојуз и да го најде внатрешниот мир. Санкциите се воведени поради очигледно фалсификуваните избори и постојаната репресија на политичките противници од страна на режимот на претседателот Роберт Мугабе. Тој пак најави дека ќе го напушти Комонвелтот ако неговата земја не била праведно третирана. Британскиот премиер Тони Блер на оваа тема: "Мислам дека мораме и натаму да се обидуваме да ја решиме оваа ситуација во рамките на Комонвелтот и да влијаеме врз постапките во Зимбабве. Се поставува прашањето дали е тоа можно? Од друга страна се покажа дека со тридневната дебата сепак имаме извесно влијание".
На крајот од конференцијата се покажа дека останува да мирува статусот на Зимбабве и дека ќе бидат направени обиди да се влијае врз демократскиот развој во оваа земја. Проблемот со Зимбабве остави малку простор за секојдневните проблеми на луѓето во земјите-членки. Огромното мнозинство од 1,8 милијарди луѓе во земјите на Комонвелтот живеат во сиромаштија. Тешката ситуација, пред се на младите, ја познава Стивен Огунтоџимбо од нигерскиот младински сојуз:
"На младинскиот форум на Комонвелтот разговаравме пред се за Сидата, но и за тоа дека младите не можат да најдат работа. Затоа и владите треба повеќе да се ангажираат за нас".
Единствената работна тема овојпат беше демократијата и развојот. За тоа генералниот секретар на организацијата Доналд Меккинтон:
"Демокртаијата и развојот се две страни на ист медал. Тоа се мотори близнаци за општествен напредок. Ако еден отпадне и се вози само со еден, долгорочно нема да биде добро".
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми