1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самит на НАТО министрите за одбрана во Ница

10 февруари 2005

Обуката на безбедносните сили во Ирак е една од главните теми на неформалниот дводневен состанок на НАТО министрите за одбрана, што синоќа почна во Ница. ,,На светот му се потребни умерени муслимански лидери кои би придонеле за борба против екстремизмот,, нагласи американскиот државен секретар Доналд Рамсфелд пред самитот на француската ривиера.

Од состанокот на француската ривиера
Од состанокот на француската ривиераФотографија: AP

Американскиот минсиер за одбрана Доналд Рамсфелд на информативниот состанок повторно изрази желба сојузниците да го зајакнат ангажирањето на планот на обуката на ирачките сили за безбедност.

Генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер посочи дека изборите во Ирак биле пресвртница, и дека сега треба да и се помогне на ирачката влада. Пред се, треба да се обучуваат безбедносните сили во земјата.

,, Тоа е одлучувачки момент. Операциите кои најчесто се одвиваат во мошне оддалечени подрачја, траат се подолго и бараат се повеќе и повеќе. Тие се наша главна задача, тест за нашето значење во денешниот свет,, рече Шефер.

На самитот на Алијансата во јуни, НАТО вети дека во Ирак ќе испрати 300 инструктори , но таа бројка до денес не е постигната. Раководителот на мисијата во Ирак, американскиот генерал Петреус, сега рече дека 159 инструктори би биле доволни за остварување на целта за 100 обучени луѓе годишно. Но членките на НАТО досега имаат испратено само 109 тренери.

И покрај притисокот од САД, Франција, Германија, Белгија, а од пред една година и Шпанија, не сакаат директно да го ангажираат својот персонал во Ирак.

Официјален Берлин останува на добро познатиот став- нема да испраќа војници во Ирак и покрај американските барања.

,, Околу тоа нема спор. Секој го познава ставот на германската влада. И ние знаеме какви се позициите на некои партнери од коалицијата на согласни земји, значи пред се Американците и Бриранците, кои сакаат и останатите повеќе да се ангажираат во Ирак. Но многу се цени и тоа што ние правиме на планот на обука надвор од Ирак,, рече германскиот министер за одбрана Петер Штрук.

Паралелно со самитот на министрите за одбрана, околу триесетина антиглобалистички организации, како и организации на француската и италијанската левица кои формираа тн. ,, Колектив за мир” пртоестираа против, како што стоеше на паролите,, воената политика на НАТО.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми