1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ши Џинпинг ветува поголема транспарентност

СН/ агенции
26 април 2019

Се смешкаат кинески инвестиции во милијарди, но често проектите ги добиваат само компании од Кина. Новиот кинески „Пат на свилата“ е многу спорен. Сега би требало да се променат некои работи.

Peking Belt and Road Forum for International Cooperation
Фотографија: picture-alliance/dpa/Kyodo

Со оглед на меѓународната критика за кинеската иницијатива за градење на нов „Пат на свилата“ , претседателот Ши Џинпинг вети поголема отвореност. Тој денеска во Пекинг порача дека сака „транспарентни“ и „одржливи“ проекти за буџетите на земјите кои учествуваат во неговата иницијатива „Појас и пат“.
На отворањето на вториот самит посветен на оваа иницијатива, на кој учествуваат околу 40 шефови на влади и држави, кинескиот претседател  вети „нулта толеранција“ за корупцијата во рамки на иницијативата која некои ја обвинуваат оти не е транспарентна. Критичарите на оваа иницијатива за меѓународна соработка му забележуваат дека ги фаворизира фирмите со база во Кина и оти таа претставува „должничка замка“ за земјите кои добиваат заем од кинеските банки за изградба на инфраструктура. „Сѐ треба да биде направено на транспарентен начин и треба да имаме нута толеранција за корупцијата“, изјави Ши.

Фотографија: picture-alliance/Imaginechina/D. Qing


Тој рече и дека Кина ќе промовира „зелен“ развој додека некои го обвинуваат оти проектите како што се браните и термоелектраните на јаглен понекогаш прават штета на животната средина.

Повеќе:

-Новиот пат на свилата и опасна инфилтрација на Кина во Европа

-Пат на свилата: Кина има план и нема да се откаже

-Кинескиот „Пат на свилата“ не ги плаши Италијанците

Ши Џинпинг рече дека Новите патишта на свилата не се „ексклузивен клуб резервиран само за некои да промовираат 'заеднички развој и просперитет'“. Во Пекинг на собирот, меѓу останатите, присуствуваат рускиот претседател Владимир Путин, италијанскиот премиер Џузепе Конте - чија земја минатиот месец стана прва земја членка на Групата седум индустријализрани земји која се придружи на кинеската иницијатива. Меѓу присутните се и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, грчкиот премиер Алексис Ципрас и швајцарскиот премиер Ули Маурер.

Најголемиот број западноевропски земји се одзваа, меѓутоа, на овој кинески проект и на собирот испратија министри, а Вашингтон не испрати никого.
Од започнувањето на иницијативата во 2013 година Кина инвестираше вкупно 80 милиони долари во разни проекти, а банките дадоа заеми од вкупна вредност меѓу 175 и 265 милијарди долари, рече Сјао Веиминг, висок кинески претставник, кој е задолжен за оваа програма.
Меѓународната зедница треба да реагира на појавата на протекционизам, чија една од формите е воведување на нелегитимни, еднострани санкции, порача пак рускиот претседател Владимир Путин обраќајќи се на отворањето на самитот во Пекинг. „Важно е да се развие ефикасен договор за ризиците на разделување на политичкиот, економскиот и на технолошкиот простор поради растечкиот протекционизам, каде неговата најопасна форма е честата употреба на нелегитимни еднострани санкции усвоени со избегнување на Советот на безбедност на ОН, или уште полошо со трговски војни“, порача рускиот претседател.

Фотографија: picture-alliance/dpa/V. Sharifulin
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми