1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Сами ли сме во вселената: Нема одговор ни од Нобеловците

БГ /АП
8 октомври 2019

Се работи за двете фундаментални прашања не само на науката, туку и на човештвото: Како дојдовме тука? И дали сме сами? Нобеловата награда за физика им припадна на научници кои се блиску до одговорот.

Schweden Physik Nobelpreisträger
Фотографија: Imago Images/TT/C. Bresciani

Еден американско-канадски и двајца швајцарски научници ја поделија годинешната Нобелоба награда за физика. Иако немаат дефинитивен одговор на двете клучни прашања, сепак се блиску до вистината.
Канаѓанецот Џејмс Пиблс, 84, професор на Универзитетот Принстон, се здоби со признанието за неговите теоретски откритија во астрономијата, за тоа што се случувало по Големата експлозија и што довело до формирањето на галаксиите и на универзумите какви што ги знаеме.
Швајцарските астролози Мишел Мајор, 77, и Дидие Квелоз, 53, обајцата од Универзитетот во Женева, откриле планета надвор од нашиот сончев систем- која орбитира околу ѕвезда слична на сонцето.
„Годинешните Нобелови лауреати за физика исцртаа слика на универзумот далеку почудна и поубава одошто било кога сме замислувале“, рече Улф Даниелсон од Шведската кралска академија на науки. „Нашиот поглед на нашето место во Универзумот никогаш веќе нема да биде исто“.
Пиблс е веројатно првиот лауреат кој добива Нобел за чисто теоретска космологија, наспроти нешто што може да се види.
Мајор и Квелоз, пак, ја открија првата планета надвор од нашиот соларен систем (наречена и егзопланета), што пак повторно ги натера астрономите да бараат живот на други планети.
„Можеби ќе успееме да откриеме некаков вид на живот. Се уште не знаеме каков“, рече Мајор, додавајќи дека научниците се сигурни дека на многу планети постојат добри услови за живот.
Најавата за Нобеловата награда годинава започна со песната од популарната серија „Теоријата на Големата експлозија“, а следуваа и бројни шеги поврзани со ликовите од неа.
Во понеделникот, Американците Вилијам Кејлин и Грег Семенца, и Британецот Питер Ретклиф ја добија Нобеловата награда за медицина, за откривањето детали за тоа како реагираат човечките клетки на ниско ниво на кислород, со што овозможија развој на нови третмани за анемија, рак и други болести.

Добредојдовте на Проксима Б

01:23

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми