1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самоубиствени напади во Техеран

ЕМФ /агенции
7 јуни 2017

Во координирани напади во Техеран, атентатори самоубијци се разнесоа во парламентот и во мавзолејот на Хомеини. Одговорност презеде „Исламска држава“.

Schießerei im iranischen Parlament
Фотографија: Ilna

Атентаторот самубиец во иранскиот парламент ѝ припаѓал на група напаѓачи кои исто така влегле во зградата, јави иранската државна телевизија.

Според агенцијата Исна, во парламентот упаднала група напаѓачи. Тие прво го убиле стражарот, а потоа еден од напаѓачите се кренал во воздух. Иранската телевизија Ириб јави дека еден напаѓач активирал експлозив во една од канцелариите во парламентот.

Веднаш потоа стигна веста дека и во мавзолејот на ајатолахот Хомеини, се случиле два самоубиствени напада на „терористи“.

Агенциите јавуваат за два самоубиствени напада во мавзолејот на ХомеиниФотографија: Reuters/TIMA

Во нападите во Техеран, кои сѐ уште не се завршени, досега има осуммина загинати и повеќе повредени. Исна јави дека се затворени сите влезови и излези од парламентот. На пратениците и новинарите им е кажано да останат на местата. Одговорност за нападите презеде „Исламска држава“

Иран досега беше релативно поштеден од напади. Шиитската регионална сила е активна во конфликтите во Ирак и Сирија. Од страна на џихадистичката милиција „Исламска држава“ и други сунитски екстремистички групи постојано има закани против Иран, но досега во земјата не беа извршени поголеми напади.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми