Самоубиствени напади пред американска база во Авганистан
1 септември 2012Реклама
„Бројот на повредените е толку голем што е тешко да се утврди. Многу луѓе се повредени и голем дел од пазарот Саједабад е уништен“, рече полицискиот портпарол Абдул Вали.
Првата бомба била активирана од милитант кој се движел пешки, по што следувала огромна експлозија од камион-бомба. Така голем дел од локалниот пазар бил уништен. Пазарот се наоѓа во близина на воената база во областа Сајебадад во провинцијата Вардак.
И француските медиуми јавија дека нападите биле насочени кон американската воена база. Според извештајот на Си-Ен-Ен, вториот напаѓач со камион удрил во оградата од базата, по што одекнала втората експолозија. Во нападите загинале и напаѓачите, соопшти претставник на локалните власти.