Самоубиствен напад во Алжир
27 август 2011Реклама
Според властите, двајца атентатори се кренале во воздух еден по друг на влезот на еден воен комплекс во Шершел, на околу сто километри од главниот град Алжир. Притоа загинале 16 војници и двајца цивили. Нападот, кој е еден од најтешките во Ажир во последните години, се случи во петок вечерта (26.08), непосредно по завршувањето на постот.
Засега никој нема преземено одговорност за крвопролевањето, но нападите против алжирските безбедносни сили, по правило, им се припишуваат на исламистички групи. Исламистичките екстремисти се борат против алжирските безбедносни сили од 1992 година. Оттогаш, постојано се случуваат спорадични напади, чиј број, меѓутоа, од јули наваму е драматично зголемен.
Автор: ЕМФ/дв/дапд
Редактор: Т. Тосев