Треба ли на Турција да ѝ се помогне финансиски? Реакциите на предлогот на шефицата на германските социјалдемократи Андреа Налес со право беа негативни. Бидејќи, само Турција може да си помогне себеси, смета Хенрик Беме.
Реклама
„ It's the economy, stupid!“ Помина повеќе од четвртина век откако Бил Клинтон со ова сознание стана американски претседател. Дека со добра економија можат да се добијат избори, исто така, знае и Реџеп Таип Ердоган. Па тој беше оној кој на почетокот на 2000 година ја извлече турската економија од длабока криза. Благодарејќи на парите од Меѓународниот монетарен фонд и со храбите реформи. Турција стана омилена за инвеститорите и сакан пазар, а луѓето благодарејќи на економската политика на Ердоган имаа повеќе пари во џеб.
Традиционални економски врски
Германските претприемачи, исто така, во голема мерка се ангажираа во оваа земја на Босфорот. Околу 7.000 се активни во оваа земја и имаат вработено над 120.000 луѓе. Меѓу нив се и големи имиња: Бош, Фолксваген, МАН, Алијанс и БАСФ (дури од 1880 година присутна во земјата), односно кремот на германската економија. Но, и многу средни компании видоа во Турција активно место за бизнис. Не е никакво чудо со оглед на тоа дека економските врски меѓу овие две земји имаат долга традиција. Имено, Фридрих Велики уште во 1761 година направи трговски договор со султанот Мустафа III. 100 години подоцна многу германски трговци и занаетчии отидоа во Турција. Т.н. „босфорски Германци“ одиграа голема улога во проширувањето на трговските врски. Како противтежа, по Втората светска војна стотици илјади Турци дојдоа во Германија. Како т.н. „гастарбајтери“ имаа голем дел во германското економско чудо.
И сега оваа криза. Падот на лирата Турција на пазарот ја прави помалку атрактивна. Инвеститорите одамна почнаа да го повлекуваат капиталот од земјите со забрзан економски развој како Турција. Бидејќи, САД, откако тамошната Централна банка ги промени царинските стапки, изгледаат како поатрактино место. Причина пак за вртоглавиот пад на лирата е пред сѐ автократската политика на претседателот на Турција.
Тој може колку сака да зборува против „злите пазари“ или „меѓународното царинско лоби“ и сето тоа да го нарекува „американска кампања“, но некој како Ердоган не може да ги одбегне економските причини.
Работите со Бога
Со своите тврдења „вие го имате доларот, ние го имаме Бог“, Ердоган во никој случај не може да добие доверба од инвеститорите. Токму поради тоа што и Турција е земја која зависи од меѓународната трговија, не би требало да зборува против доларот и еврото. Тоа повеќе изгледа како очај, отколку како обид да се поврати довербата.
На Турција не може да ѝ помогне Германија и германската економија. Тоа го може само претседателот. Тој мора да се погрижи за стабилност за да може на фирмите и на инвеститорите да им обезбеди сигурност, но пред сѐ правна сигурност. Тој мора да ја почитува независноста на централната банка, а не да ѝ диктира да ги намали каматите за да може да се држи инфлацијата под контрола. Тоа така не функционира.
Германските претприемачи во секој случај внимателно ја следат состојбата и размислуваат за својот натамошен ангажман. Во прв ред средните прретпријатија мора добро да калкулираат, ако на пример суровините или машините поскапат со оглед на тоа дека трговијата се одвива во долари. Така производителите на текстил или спортска опрема би можеле брзо да бидат принудени производството да го префрлат во Азија. Тоа би требало да му биде јасно и на претседателот Ердоган. Но, кога ќе се опкружиш само со такви кои ти велат само критичарите да ги ставаш во затвор, тогаш е сосема можно, опиен од сопствената идеологија, економската разумност да ја замениш со вербата во Бога.
Немам ништо против Бог, но тоа не е доволно во економските прашања.
Патот на Турција кон авторитарност
Преминот на Турција кон авторитарност е во тек веќе 10 години. Но, по неуспешниот воен пуч во 2016 година, претседателот Ердоган и АКП ја забрзаа консолидацијата на власта.
Фотографија: picture-alliance/dpa/O.Weiken
Јули 2007: Абдула Ѓул станува прв исламистички претседател
По повеќегодишни реформи на пазарната економија, транзицијата на Турција полека почнува да оди наназад. Кандидатурата на исламистот Абдула Ѓул за претседател во 2007 сигнализира напуштање на секуларистичката политика и ги затегнува односите меѓу АКП и армијата. Сепак, со широка поддршка на исламистите и либералите, Ѓул е избран за претседател, а АКП победува на парламентарните избори.
Фотографија: A.Kisbenede/AFP/GettyImages
Септември 2010: Уставни реформи
Тогашниот премиер Реџеп Таип Ердоган предлага уставни измени за зголемена контрола над правосудството и армијата, овозможувајќи и на владата да бира судии и високи воени офицери. Амандманот, комбиниран со мерки за заштита на децата и засилување на правото на жалба, е одобрен со големо мнозинство на референдум.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Tumer
Мај 2013: Ерупција на незадоволство во Гези Парк
Насобраниот гнев на младите луѓе кон Ердоган, Ѓул и исламистичката АКП достигнува точка на вриење во мај 2013. Насилното полициско расчистување на мал собир за заштита на Гези Парк предизвикува масовни анти-владини протести. Најмалку 11 луѓе загинаа, а повеќе од 8.000 се повредени, пред демонстрациите да згаснат еден месец подоцна.
Фотографија: picture-alliance/abaca
Јули 2015: Офанзива против Курдите
Нестабилното примирје меѓу турската влада и курдската бунтовничка ПКК се распаѓа поради тензиите кои ги создава војната во Сирија. Воените сили ги продолжуваат операциите во југоисточниот дел на Турција против Курдите. На почетокот на 2016, групација на ПКК ја презема одговорноста за два бомбашки напади во Анкара во кои гинат речиси 80 луѓе.
Фотографија: picture-alliance/abaca/M. Coban
Јули 2016: Неуспешен воен пуч
Воен удар против владата до темел ја потресува Турција и накусо ја претвора земјата во воена зона. Околу 260 цивили ги загубија животите во ноќните судири со армијата во пет големи градови. Ердоган ги повикува своите поддржувачи на отпор, и веќе следното утро војници се во заседа на илјадници цивили на мостот Босфор, каде и се предаваат.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T.Bozoglu
Јули 2016: Ердоган воведува вонредна состојба
По неуспехот на пучот, Ердоган воведува вонредна состојба. Се апсат десетици илјади луѓе осомничени за учество во пучот, но и политички противници. Меѓу уапсените се воени и судски функционери и избрани претставници на про-курдската ХДП партија. Чистчката подоцна опфаќа и јавни службеници, универзитетски професори и учители.
Фотографија: Reuters/U. Bektas
2016: Задушување на медиумите
Како дел од пресметката на Ердоган со наводните „поддржувачи на тероризмот“, Турција станува една од водечките земји во светот по бројот на уапсени новинари.Владата затвора околу 110 медиуми по пучот и затвора повеќе од 100 новинари, меѓу нив и Германецот со турско потекло Денис Јуџел.
Фотографија: Getty Images/S.Gallup
Април 2017: Ердоган победува на референдум
Ердоган тесно успева да победи на референдумот на кој се гласа за проширување на неговата моќ. Турскиот парламентарен систем практично се напушта во корист на силна егзекутивна власт. Ердоган добива можност да владее до 2029 година. Меѓународните набљудувачи велат дека на гласањето имало неправилности, а медиумската кампања во целост била во корист на кампањата на Ердоган.
Фотографија: Reuters/M. Sezer
Јуни 2018: Нова изборна победа на Ердоган
Ердоган си обезбедува нов петгодишен мандат и огромни извршни надлежности откако убедливо победува на изборите на 24 јуни. Неговата АКП и нивните националистички партнери добиваат убедливо мнозинство во парламентот. Меѓународните набљудувачи го критикуваат гласањето, со оценка дека медиумското покривање и вонредната состојба му дале огромна предност на Ердоган.