1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија ќе ги исполни условите за членство до 2023 година

БГ
7 ноември 2017

Нова студија која се занимава со практичните, правните и техничките аспекти на идното проширување на ЕУ, доаѓа до заклучок дека само Македонија може да ги исполни сите критериуми за членство пред 2023 година.

HRVP Mogherini trifft Premierminister des westlichen Balkans
Фотографија: European Union

Меѓу земјите кои се надеваат на членство во Европската Унија, Македонија е со најголеми шанси, се наведува во студијата на професорката Тина Фрајбург од Универзитетот во швајцарскиот Сент Гален. Студијата, првично објавена на порталот „Еурактив“, го привлече вниманието и на германските медиуми, па се најде и на страниците на весникот „Тагесшпигел“.

Целта на студијата било да утврди какви се шансите на петте земји-кандидати: Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција, да се приклучат кон ЕУ пред 2050 година, врз основа на претходно поставените рамки за придружување.

Придружувањето кон ЕУ за земјите кандидати е можно само откако ќе се исполни сеопфатната листа на критериуми и откако ќе се имплементира законодавството на ЕУ во домашната легислатива. Тоа ги вклучува сите сектори, од правосудни реформи до транспорт и енергетска политика.

Според студијата, Македонија е единствената земја која може да ги исполни критериуми пред 2023 година, додека Србија и Турција би можеле тоа да го сторат кон средината на 2030 години.

Што се однесува до Албанија и Босна и Херцеговина, тие би можеле да се надеваат на исполнување на сите критериуми дури пред 2050 година.

Македонија е со најдобри шанси, тврди професорката ФрајбургФотографија: DW/M. Maksimovic

Професорката Фрајбург вели дека нејзината работа ја исклучува политичката димензија на проблематиката, вклучително и мораториумот на проширување од страна на Европската Комисија, како и нестабилноста во Турција, политичките проблеми во земји како БиХ, или фактот дека напредокот на Македонија е блокиран од страна на Грција поради деценискиот спор за името.

Студијата не ги опфаќа Црна Гора и Косово. Според авторката, тоа се должи на недостатокот на податоци преку кои би можела да се направи реална проценка. Фрајбург вели дека Црна Гора би можела да се спореди со Македонија „затоа што има слични карактеристики“, и оттука би можела побрзо да ги исполни условите на ЕУ.

Студијата заклучува дека проширувањето најчесто се придвижува поради напредокот и политиките на земјата-кандидат, а не како резултат на „експанзионистичката“ политика на Брисел.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми