1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаРусија

Повторно најавен помал проток на гас низ Северен тек 1

ЕМФ | агенции
25 јули 2022

Количеството на гас кое тече низ гасоводот Северен тек 1 ќе се преполови, односно ќе се намали на само 20 проценти.

Deutschland | Nord Stream 1 in Lubmin
Фотографија: Sean Gallup/Getty Images

Од среда (27.07) низ Северен тек 1 кон Германија ќе течат само уште 20 проценти гас од вкупниот капацитет на гасоводот. Друга турбина мора да биде исклучена поради поправка, соопшти рускиот концерн Газпром. Со тоа, количеството гас кое ќе тече низ гасоводот ќе се намали на 33 милиони кубни метри дневно.

Германската влада на ваквата најава од страна на Газпром реагира со неодобрување: „Според наши информации, нема техничка причина за редукција на испораката“, изјави портпаролка на германското Министерство за економија.

Испораката на гас низ Северен тек 1 беше повторно воспоставена во четвртокот (21.07), откако претходно беше вршена десетдневна контрола на гасоводот. Меѓутоа, во изминатите неколку дена течеа само 40% гас од вкупниот капацитет на гасоводот, што важеше и пред да почне ремонтот. Газпром тогаш ја образложи редукцијата со недостиг на една турбина, која беше на поправка во Канада.

Германската влада смета дека тоа е само наводен аргумент. Министерот за економија Роберт Хабек е на мислење дека Газпром има доволно турбини. Сепак, Берлин се заложи за испорака на турбината од Канада, за Русија да нема изговори за намалување на испораката на гас. На молба на Германија турбината беше вратена од Канада во Германија, за потоа да се транспортира во Русија.

- повеќе: Гасот кој повторно тече низ Северен тек 1 е етапна победа за Европа

Шефот на Кремљ, Владимир Путин, минатата недела се закани дека околу 26 јули ќе има ново намалување на испораката на гас од 40 на 20 проценти доколку турбината оваа недела не биде повторно вградена и во употреба.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми