1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Само сунитите можат да ја победат „Исламската држава“

Лоај Мудхун/превод:бг19 февруари 2015

Воздушните напади на коалицијата предводена од САД ја ослабнаа ткн. Исламска држава. Но, за конечна победа над екстремистите потребна е арапско-сунитска коалиција, смета Лоај Мудхун

Фотографија: Reuters/Esam Omran Al-Fetori

Нема сомнение дека воздушните напади на коалицијата предводена од САД против ткн. Исламска држава многу придонесоа да се запре територијалното ширење на џихадистичкиот квази-калифат. И ослободувањето на градот Кобане на северот на Сирија од страна на курдските Пешмерги ќе беше незамисливо без американските и арапските воздушни напади. Тие неспорни успеси го нарушија митот за непобедивоста на ткн. Исламска држава, но не може да се каже дека веќе претстои и победа над екстремистите.
Бидејќи западно-арапската борба против ИС се повеќе заостанува: по четири месеци воздушна војна, на таа алијанса и недостасуваат натамошни стратешки цели кои би можеле да се бомбардираат. Отежнувачки е тоа што борците на ИС преминаа на герилска тактика. Со тоа, борбата од воздух против нив е потешка.

Слаба алијанса против ИС

Сега веројатно се одмаздува и фактот дека таа меѓународна коалиција тргна во војна против радијалите без политички концепт и пред сѐ без јаснотија за стратешките цели на воената операција. Особено поради тоа што е многу јасно дека теророт на ИС не може да сузбие само со воени средства. Во суштина, таа алијанса беше слаба и политички противречна уште од почетокот. Бидејќи таа се темели на спорни арапски сојузници како Саудиска Арабија и другите земји од Персискиот залив. Токму тие, имено, го отворија идеолошкиот пат за порастот на џихадистичките струи на Блискиот исток и во борбата против режимот на Асад ги поддржуваа радикалните сили во Сирија.

Лоај МудхунФотографија: DW

Но особено тежок е фактот што важните сунитски регионални сили не се доволно вмрежени во меѓународната коалиција. Тоа станува јасно по тоа што на Западот му недостасуваат сојузници кои би биле во состојба да водат ефективна копнена војна против ИС во сунитските подрачја на Ирак и Сирија. Досегашните коалициски сили на Западот се покажаа погрешни: Курдите воглавно ги следат своите дефинирани територијални интереси, а домицилните Арапи беа протерани од подрачјата кои ги освоија и објавија дека тие сега му припаѓаат на Курдистан. Шиитските паравоени формации и ескадрони на смртта тешко се контролираат и не се вистински партнер за копнена борба против ИС.

Загрозена и Северна Африка

Фактот што џихадистите на ИС го користат хаосот во Либија за да ја прошират својата оперативна зона и да се здружат со египетските џихадисти, отвора опасност за националната безбедност на Египет и Тунис. Оттука, по суровото погубување на 21 Копт од страна на ИС, не беше изненадување тоа што египетскиот претседател Ал Сиси побара резолуција на ОН со која би се овозможила меѓународна воена интервенција во таа земја, во која се води граѓанска војна. Западот треба да тргне токму од таа точна и да стори сѐ за конечно да се формира египетско-турско-саудиска коалиција против ИС. По можност треба да се земат предвид умерените „мејнстрим исламисти“- но без Иран и меѓународно дискредитираниот режим на Асад. Бидејќи вклучувањето на Иран, поради екстремно анти-шиитскиот став на речиси сите џихадисти би било контрапродуктивно.
Само сунитските муслимани се во состојба да ја победат ИС и да го пресушат идеолошкиот извор на џихадизмот, а Западот треба да биде упорен во нивното вклучување во делувањето на ирачката влада. Други корисни партнери во борбата против ИС, Западот нема.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми