1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самракот на Ангела Меркел?

Кристоф Штрак Превод: СН19 јануари 2016

Канцеларката Меркел е цел на сѐ пожестоки критики. Посебно се остри оние кои доаѓаат од Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) со која партијата на канцеларката ЦДУ е органски поврзана.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Канцеларката Ангела Меркел мора да разговара со Христијанско-социјалната унија (ЦСУ)- и сега ќе ја искористи таа можност на седница на раководството на партијата и на партијата во баварскиот Вилбад Кројт.

Германија врие. Во германските медиуми врие. Во земјата има повеќе од 1 милион бегалци и сѐ повеќе проблеми од кои дел можеа, а дел не можеа, да се предвидат. Тензијата доби нова димензија. Меркел, која поради својот „хуманитарен императив“ ги отвори германските граници за бегалците, е главна цел на критиката. А размерите на критиката, и покрај целата драматичност, се изненадувачки.

Сите против Меркел

Прв пример: „ЦСУ повторно врши притисок врз Меркел“, е наслов објавен во „Ное цирхер цајтунг“. Слични наслови можат да се видат и во германските медиуми. Тоа е само делумно точно. Поконкретна е следнава формулација: „ЦСУ и понатаму врши притисок врз Меркел“. Бидејќи, ЦСУ, малата баварска сестринска партија на големите Демохристијани (ЦДУ), и покрај „мировниот самит“ одржан минатата есен, не престанува да ја лути канцеларката.

Втор пример: „Едмунд Штојбер ѝ се заканува на канцеларката“, пишува „Зиддојче цајтунг“. И на тоа човек мора да се насмевне. Бидејќи, овој весник во изминатите години за Штојбер пишуваше само хумористични прилози. Од друга страна, и љубовта на ЦСУ кон својот поранешен лидер кој 2002. година немаше среќа како кандидат за канцелар, донекаде стивна. Но, еве го повторно. Бидејќи, еве ги повторно сите. Сите против канцеларката.

Кристоф ШтракФотографија: DW

Тоа не значи дека прашањата и критиките на сметка на Меркел не се дозволени. На Германија- не само поради драматичните случувања за време на новогодишната ноќ во Келн- ѝ претстои, благо речено, интересна политичка година. Но, и пред новогодишната ноќ, предизборната кампања веќе беше во тек. Бидејќи, за помалку од два месеца, се одржуваат изборите за парламентите во три сојузни покраини. Тој ден би можел да послужи за интерна пресметка меѓу ЦДУ со својата претседателка (на што последните анкети, додуша, не укажуваат).

Во пресрет на овие избори, сите се обидуваат да покажат идентитет и компетенција. Кога би дошло до ова гласање за доверба на канцеларката со негативен исход по неа, би морало да се размисли и за нејзин наследник. Но него го нема. Хорст Зехофер? Волганг Шојбле? Урсула фон ден Лајен? Ништо од нив.

Конечен суд за учинокот на Меркел како канцеларка

ЦДУ во последните години често ја славеше својата лидерка Ангела Меркел. Голема Европејка, која ги чува насоките на ЕУ и успеа да придонесе за деескалација на украинската криза. „Личност на година“ во 2014. во „Тајмс“ и во 2015. година во „Тајм“.

Притоа многумина не сакаа да ги видат и пропустите- од трошоците за спасувањето на Грција па сѐ до постојаното одложување на новиот закон за доселување.

Оваа година нема да биде решавачка само за натамошната судбина на канцеларката. Таа ќе биде меродавна и за севкупната оценка на нејзиниот учонок на највисоката функција во Германија. Но, уште не е ништо одлучено- дури и ако нејзините критичари и медиумите не можат да го дочекаат нејзиниот пад.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми