1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самрак за Тереза Меј

Барбара Везел
25 март 2019

Темни облаци се надвиснати над Тереза Меј поврзани со нејзино принудно заминување. Дури и нејзините поранешни пријатели се дистанцираат од неа. Нејасно е кога би ја напуштила премиерката функција и кој би ја заменил.

London Theresa May Premierministerin Großbritannien
Фотографија: picture-alliance/empics/J. Brady

Тереза Меј го помина викендот во нејзината летна резиденција Чекерс. Но, наместо мир или опуштање на врата и се појавија Борис Џонсон, Џејкоб Рис – Мог, Доминик Раб и Иан Данкан Смит. Ова се дел од редицата можни „егзекутори“ кои дојдоа кај неа, најпрвин да ја предупредат од компромис за Брегзит и второ да прашаат кога ќе поднесе оставка. Заговорниците барем веќе го покажаа „скриениот нож" што го носат со себе за да и го заријат в грб.

Има ли преоден премиер?

Во Лондон има различни информации за степенот на револт кој тлее во владиниот кабинет. Тереза Меј досега ги преживеа сите закани и барања за оставка. Но, по турнејата на незадоволните на неделните политички дебати стана јасно дека и дури до сега лојалните министри како Филип Хамонд веќе не кријат дека е достигнат врвот на незадоволството. Министерот за финансии иако рече дека тоа не се однесува првенствено на Тереза Меј сепак призна: „Искрено речено, луѓето се многу фрустрирани".

Повеќе на темата Брегзит:

-Милостина за Тереза Меј

-Брегзит: Како Монти Пајтон, само помалку смешно

-Меј во јазол- Закон од 17 век го блокира Брегзит

Се чини дека расположението навистина се смени. Речиси сите весници резултатот од самитот на ЕУ од четвртокот го опишаа како „понижување“. И додека дел од конзервативните брегзитери во меѓувреме понудија сепак да го поддржат договор на Меј за истапување доколку таа самостојно си поднесе оставка, хардлајнерите го отфрлаат и ова решение.

За да се стави крај на тековната владина криза и да се добие нов можен датум за избегнување на тврд Брегзит на 12 април, сега Ториевците ја воведуваат во игра идејата за нов преоден премиер.

Дејвид Лидингтон

Фотографија: Getty Images/AFP/E. Piermont

За можен наследник се врти името на квази заменикот на Меј, Дејвид Лидингтон. Тој важи за сигурен кормилар во бурните времиња, и е еден од малкуте повозрасни во кабинетот на Меј кој ужива почит кај парламентарците. Лидингтон е претпазлив и подготвен на компромиси. Тој уште минатата недела во Долниот дом вети дека кризата ќе се реши со серија гласања и при тоа на маса ќе се стават помеки форми на Брегзит. Освен тоа тој и за ЕУ е прифатлив како преговрач, бидјеќи не застапува екстремна позиција.

Она што го издвојува и ги освојува поддржувачите е фактот дека тој постојано нагласува дека не ја сака премиерската позиција. „Немам никаква желба да ја преземам функцијата на Тереза Меј". Само луди луѓе може да копнеат по тоа, изјави уште претходно. Од друга страна Лидингтон се залага за компромисен – Брегзит, поради што ќе треба жестоко да се бори со хардлајнерите за тоа.

Во однос на идеата за преоден премиер, тој смета дека до следниот датум за Брегзит во овие три недели, нема доволно време за вистински натпревар за избирање наследник на премиерското место во Даунинг Стрит. Но, тоа не ги спречува големиот број кандидати да агитираат за поддршка и да галамат.

Борис Џонсон

Фотографија: picture-alliance/empics/B. Lawless

Сите го викаат само Борис и тој сакаше да стане премиер уште по референдумот во 2016 година. Но, непосредно пред финишот беше изигран од неговиот колега Мајкл Гов. Но во меѓувреме Борис Џонсон ја скрати својата дива руса коса и доста ослабе, што е знак дека повторно ја разгорува амбицијата за највисоката политичка позиција.

Но, тој сепак важи за најлошиот министер за надворешни работи во поновата британска историја. Тој ја влоши ситуацијата на Назанин Загари-Ретклиф затворен во Иран ширејќи неосновани компромитирачки информации, лажеше за време на кампањата за Брегзит се до гласањето, а неодамна за лидерите на ЕУ ладнокрвно изјави: "Не знам како може овие ‘копилиња’ да се избркаат". Тој постојано ги фали предностите на тврд Брегзит поради што како преговарач за Брисел би бил вистинска катастрофа.

Освен тоа Борис го опишуваат како човек без карактер и егоист. И неговиот познат ексцентричен шарм не може секој да го разбере. Се уште е тешко да се процени колку му се добри картите за да стане наследник на Меј. Во меѓувреме во јавноста многумина сметаат дека тој треба да добие голем поддршка од конзервативните партии.

Мајкл Гов

Фотографија: Getty Images/C. J. Ratcliff

Тој е вториот човек од Брегзит – дуото, кое во 2016 се бореше за позицијата во Даунинг Стрит. Гов си ја запечати судбината со тоа што кратко пред одлуката му зари нож в грб на Борис Џонсон и изјави дека тој е непогоден за премиерската позиција. Иако дел од Ториевците се согласуваа со тоа, сепак Мајкл Гов се дисквалификуваше себеси како „предавник“.

Во владата на Тереза Меј тој не доби никаква функција. Дури по изборите во 2017 година таа му понуди пониска позиција во Министерството за животна средина. Оттогаш Гов работи на неговата политичка рехабилитација, се држи во сенка и и е лојален на Меј. Од кампањата за Брегзит, од него остана реченицата, дека Велика Британија потоа ќе ги држи сите карти во свои раце.

На крајот на краиштата Гов може да развива кохерентни планови за политички проекти, ако покрај проблемот со карактерот му се додаде етикетата дека е ученик за пример. Тој е вреден, начитан, аналитичен и има идеи. Исто така Мајкл Гоув има харизма на најдобар во класата со што може да ги привлече своите поддржувачи.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми