1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самрак на боговите за Ангела Меркел?

Дагмар Енгел/превод: Ж.А.18 август 2015

Грчкиот парламент веќе ги усвои драматичните одлуки околу „спасот“ на земјата. Германскиот Бундестаг допрва ќе се изјасни. Во пресрет на решавачкото гласање, Берлин се претвора во политички театар, смета Дагмар Енгел.

Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Kumm

Работата е готова, утре, 19.08.2015 Бундестагот ќе го усвои третиот пакет финансиска помош за Грција. Сојузната влада остро преговараше, прво канцеларката Ангела Меркел на самитот на ЕУ во јули, а потоа и министерот за финансии Волфганг Шојбле минатиот петок. Тие во добар дел успеаја да ги „протуркаат“ своите барања: помош, но само со ветување за спроведување реформи и тоа под строга надворешна контрола. Тие двајцата знаат дека само така можат да добијат поддршка од Бундестагот. Цената беше висока, угледот на Германија падна. По фазите кои ги одбележуваа симпатии, Германија повторно се доживувува како непријатно доминантна.

Одлука во сезона на годишни одмори

Пратениците кои својот одмор не го поминаа дома, во својот изборен округ, туку некаде настрана, на вонредната седница на Бундестагот во Берлин ќе дојдат токму со тој впечаток. Можеби тоа ќе влијае врз некои од нив, можеби уште еднаш ќе размислат дали да гласаат против новиот пакет помош. Тие кои се против тој пакет, се заслужни што гласањето стана занимливо во германската јавност. И тоа, се разбира, не сите политичари кои се против, туку само оние од ЦДУ (Христијанско-демократската унија), партијата на канцеларката. Нивниот број растеше со секој нов пакет финансиска помош за Грција. Во 2010 година само четворица пратеници од ЦДУ беа против, во 2012 веќе 13, во февруари оваа година беа 29, а во јули дури 60. Раководството на пратеничката група на ЦДУ во Бундестагот регаираше со зголемен притисок врз „неистомислениците“ и тоа овојпат преку јавен притисок. Тоа не беше добра идеја, беше дури и одвишна.

Дагмар Енгел

Одлука врз основа на совест

Следеше побуна - и на пратениците и на нивните избирачи. На крајот на краиштата, секој пратеник мора да гласа врз основа на сопствената совест. Бирачите тоа го поддржуваат, барем до момент до кој совеста на пратеникот се поклопува со совеста на избирачите. Во однос на Грција, ситуацијата е јасна: 57 проценти од Германците се против новиот трет пакет помош за Грците, над 80 насто не веруваат дека Грците ќе го извршат својот дел од преземата работа. Не е ни чудо што тоа ги мачи и пратениците, кои нормално го чувствуваат расположението кое владее во нивните избирачки кругови. Тоа е во ред, пратениците би требало совсесно да испитуваат што е правилна одлука. А ако сфатат дека немаат доволно стручно знаење, тогаш можат да се обратат кај експертите во своите пратенички групи.

Самрак на боговите за Ангела Меркел? Не!

За некои пратеници сепак е преголем предизвик во сегашниот момент во очите на избирачите да се покажат како непоколебливи јунаци. Ова е добра прилика и за „бунт“ против партиската дисциплина. За разлика од предизвиканата штета врз германскиот углед во странство и самата помош за Грција, сето тоа практично не чини ништо. Мнозинството на „големата коалиција“ ЦДУ,ЦСУ и СПД во Бундестагот е толку големо, штго лесно може да издржи и неколкумина дополнителни „вреваџии“. Некои тоа се обидуваат да го протолкуваат како создавање јаз внатре во ЦДУ или дури као „самрак на боговите“ за Ангела Меркел, но тоа нема голема врска со реалноста. По неодамнешната, исто така позитивна одлука во врска со Грција во Бундестагот, поддршката на бирачите за ЦДУ порасна, и тоа за еден процент, на сегашните 42 насто. Гласањето за Грција дефинитивно нема да биде пресудно за судбината на германската влада.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми