1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Санофи најголем фармацевтски концерн во Европа

26 април 2004

По тримесечен отпор, советот на француско-германската фармацеутска група Авентис конечно се согласи да ја прифати понудата на Санофи - Синтелабо, реевалуирана за 6,7 мијијарди €, додека швајцарскиот конкурент Новартис се повлече од играта.

Aвентис и Санофи
Aвентис и Санофи

Договорот за приближувањето меѓу Авентис и Санофи е задоволувачки и тој ги “заштитува акционерите од ризици”, оцени Игор Ландау, претседател на директориумот на Авентис. Генерaланиот директор на Санофи, Жан-Франсоа Дехек, исто така го оценуца договорот како “добар договор во однос на цената која го почитува тоа што го вели пазарот”, изразувајќи притоа задоволство од начинот на кој беше постигнат договорот.

Постигнувањето на договорот меѓу двете фармацеутски групи, посебно беше охрабрен од страна на француската влада, која го поздрави настанот со кој дојде до создавање на најголемата фармацеутска група во Европа и трета по големина во светот.

Премиерот Жан-Пјер Рафаран, се надева дека “Приближувањето ќе дозволи зацврстување на исклучитeлниот квалитет на француско-германската фармацеутска индустрија. Амбицијата на Франција е да учествува и да биди вклучена во појавата на силни индустриски полови, единствениот вистински одговор на делокализацијата која и се заканува на француската економија и научните испитувања.” - стои во комуникето на францускиот премиер.

Француската фармацеутска група, за да ја изведи опрерацијата, која беше оценета како непријателска од раководителите на Авентис, мораше да ја зголеми понудата за 6,7 милијарди €,. Така, Санофи-Синтелабо или купувањето на Авентис ќе треба да плати 54,5 милијарди евра, наспроти претходно понудените 47,8 милијарди €, предложени на 26 јанураи годинава. Или за секоја акција, Санофи ќе треба да плати 69€.

Санофи се ангажира во новата организациона поставеност на групата да бидат интегрирани досегашните раководители на Авентис. Сепак досегашниот прв човек на Авенбтис, Игор Ландау, нема да се најде во новата група, додека нов генерален директор е досегашниот директор на Санофи Жан-Франсоа Дехек.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми