1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сантос: Од губитник до носител на Нобеловата награда

Тобијас Којфер
7 октомври 2016

Колумбискиот претседател Сантос преживува недела полна со драматика. Тој сега влегува во мировните преговори со зајакнати позици.

Kolumbien - Präsident Juan Manuel Santos bei Demonstration
Фотографија: Reuters/Handout/Colombian Presidency

Веста од Осло во Колумбија одекна прво на утринските програми на телевизиите.„Историски, Хуан Мануел Сантос е носител на Нобеловата награда за мир“, напиша само неколку минути по четири часот изутрина по локално време „Ел Тиемпо“, најважниот весник во земјата, кој некогаш му припаѓаше на таткото на Сантос, Енрике. По само неколку минути стигна реакција од претседателската палата. Во првото соопштение од Каза Нарино се вели дека Претседателот е „трогнат и благодарен“. Сантос, дипломиран правник и новинар, со тоа дочека среќен крај на една за него драматична недела.

Сантос се чувствуваше пресигурно

Мировниот договор со герилците на ФАРК не доби зелено светло на референдумот што се одржа во неделата. Преговарачите цели четири години ги пеглаа разликите, за на крајот да постигнат согласност за договорот од цели 297 страници. Тоа е договор кој има многу стручни грешки и лесно стана мета на многуте противници од десноконзервативниот политички камп. Но, Сантос се држеше до него. Тој се чувствуваше сигурно, пресигурно. Свеченото потпишување на договорот во Картахена пред одржувањето на референдумот, со резултатот од гласањето се претвори во фарса.

Поддршката за Сантос стигна од улицаФотографија: Kaeufer/Moser

Поддршка од улица

Во ноќта на неговиот голем пораз, Сантос се бореше со себе, барајќи вистински зборови. Пред референдумот претседателот велеше дека нема план Б. Меѓутоа, по гласањето му беше неопходен некаков план. На крајот, поддршката стигна од улица. Таму, каде што дотогаш немаше мировна еуфорија. Десетици илјади студенти во средата маршираа со свеќи и бели кошули и маички кон плоштадот Боливар, во срцето на градот. Претседателот можеше да чуе како неговите сонародници ја пеат националната химна. Тоа го охрабри. Сантос од противниците побара да се изјаснат, зашто мора брзо да се дејствува, или во спротивно мировниот договор ќе се распрска на илјадници парчиња.

Сега, како добитник на Нобеловата награда за мир, тој ќе може повторно на исто рамниште да полемизира со својот политички интимен непријател, екс претседателот Алваро Урибе. За мирот во Колумбија тоа е нова шанса. А можеби и последна!

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми