1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сараево се подготвува за годишнината од смртта на Борис Трајковски

11 февруари 2005

Властите на Босна и Херцеговина се подготвуваат за одбележување на годишнината од трагичната смрт на македонскиот претседател Борис Трајковски. Трајковски и осуммина негови соработници ги изгубија животите во авионска несреќа кај Мостар.

Урнатиот ,, Кингер “ во близина на Мостар
Урнатиот ,, Кингер “ во близина на МостарФотографија: AP

Сараевските власти ќе градат спомен обележје на местото во близина на Мостар, каде што на 26 фервуари лани, македонскиот претседател Борис Трајковски, шестмината членови на неговата делегација и двајцата пилоти трагичино ги загубија животите, кога владиниот кингер, во лоши временски услови, се урна во еден од ридовите кај Мостар.

Вчера во главниот град на Босна и Херцеговина се состанаа членовите на Одборот за одбележување на годишнината од несреќата и се договорија за програмата, како и за идејното решение на спомен обележјето. Советот на Министри во сараево претходно го одобри финансискиот план за одбележувањето на годишнината од трагичната смрт на маедонскиот претседател, а министерството за финансии е заеолжено да подготви соодветни одлуки за реалиѕација на планот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми