1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Југоисточна Европа - клучна за стабилноста на континентот

25 февруари 2020

Иднината на Југоисточна Европа е клучно прашање за иднината на мирот и стабилноста на целиот континент, вели новиот претседател на германското Здружение за Југоисточна Европа, Мануел Сарацин во интервју за ДВ.

Manuel Sarrazin, MdB Bündnis90/Die Grünen
Фотографија: DW/A. Feilcke

Здружението за Југоисточна Европа (СОГ) е невладина организација со седиште во Минхен. Тоа веќе долга низа години е централна институција во Германија кога станува збор за промислување и анализирање на политичките, научните, економски и социјални случувања во тој дел од Европа. Здружението е основано во 1952 година и е институционално поврзано со германското министерство за надворешни работи. Деновиве, Здружението избра нов претседател - Мануел Сарацин, пратеник на партијата на Зелените во Бундестагот, кој на функцијата го наследи социјалдемократскиот политичар Гернот Ерлер. Со новиот претседател на Здружението разговараше Аделхајд Фајлке.

ДВ: Штотуку сте избрани за нов претседател на Здружениетоза југоисточна Европа (СОГ). Што може конкретно да направи Здружението кога станува збор за регионот Западен Балкан?

Мануел Сарацин: Мислам дека ЕУ со своето недонесување на одлуки за започнување преговори за членство со С. Македонија и со Албанија во минатиот август доживеа сериозен пад на својата веродостојност во овие две земји. Сега улогата на Германија е да се обиде да го надомести тој пад на веродостојност, повторно да го изгради низ еден проактивен и поинтензивен ангажман во регионот и да упати јасни сигнали. Мислам дека Здружението за Југоисточна Европа со својата експертиза и со своето политичко делување тука може да даде важен придонес.

Повеќе:

-Вархеји: Северна Македонија и Албанија ќе ги испорачаат реформите

-ЕУ како дестабилизатор

-Фон дер Лајен сака да го „врзе“ Западниот Балкан за ЕУ

Освен С. Македонија и Албанија, тука се и другите земји од Западен Балкан кои заслужуваат внимание. Што на пример имате намера да направите во врска со Србија, каде во април се одржуваат парламентарни избори?

СОГ целиот процес во регионот го следи на конструктивен и критички начин. Ние секако со загриженост набљудуваме тоа што изборите во Србија се соочени со големи внатрешнополитички предизвици. Гледаме во која мерка се почитуваат демократските стандарди во врска со изборите, без разлика дали станува збор за владеачката партија или за опозицијата.Сметам дека е важно ние од една страна да се обидеме да одржиме јасен ангажман на ЕУ во врска со процесот за проширување за целиот регион, а истовремено, треба јасно да ставиме на знаење оти не може да има никакви пропусти кога се работи за поглавјата 23 (правосудство и основни права) и 24 (право, слобода, безбедност).

Мануел СарацинФотографија: DW/A. Feilcke

Грегор Мајер е годинешен добитник на новинарската награда на СОГ како „најважен хроничар за поткопувањето на демократијата во Унгарија“. Како Унгарија, и други земји во тој регион се изложени на такви процеси на поткопувње и на сѐ поголем популизам. Како СОГ може да спротистави на тие процеси?

Мислам дека во земјите како Унгарија, но на пример и во Турција, е правилно да се ставиме на страната на цивилното општество, новинарите и на активистите кои таму се под многу силен притисок. Секако во различен обем, кога ќе се споредат Унгарија и Турција. Но сепак, важно е да ја погледнеме таа ситуација, на актерите во цивилното општество и на нивната улога, и во Германија да бидеме оние кои ќе ги поддржат тие луѓе.

Освен тоа, важно е да видиме како можеме да ги зајакнеме тие процеси, особено во земјите членки на ЕУ во кои се присутни овие тенденции. Не е само Унгарија, има и други земји од регионот. Мораме да видиме како можеме таму да ги зајакнеме европските процеси, како можеме таму европски да делуваме.

Мислам дека е правилен ставот на германската влада дека тука треба да се започне процес на надгледување да се почитуваат принципите на правната држава и тоа за сите земји во ЕУ, а не да се има впечаток оти се гледа само на некои држави во некои одредени региони. Но секако дека тој процес треба да води кон тоа да се означи ситуацијата со јасни зборови, на пример во Унгарија, Романија или во Бугарија, како во други земји.Покрај тоа, ме интересира во која мерка Европскиот суд ќе одлучи во врска со Полска да влијае на поценката на можноста да се влјае на други земји, како што се Унгарија, Романија или Бугарија.

Покрај угледната новинарска награда за известување на германски јазик од регионот, СОГ има намера годинава за првпат да додели награда и на новинарите во југоисточна Европа кои се често изложени на многу притисоци - и така да им пружи поддршка.

Поддршката за новинарите во регионот, кои се залагаат за транспарентност, за борба против корупцијата и клиентелизмот, и кои се често под притисок и се изложуваат на опасност, тоа е една од темите кои ни се многу важни. Сакаме со оваа нова награда за новинарство да испратиме сигнал во регионот.

Мануел Сарацин, пратеник на партијата на Зелените во Бундестагот, е избран за нов претседател на Здружението за југоисточна Европа (СОГ). СОГ е најважна германска институција која ги советува политичарите во врска со темите од југоисточна Европа.

 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми