1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сара Харисон: Апел за истражувачко новинарство

ЖА/дв2 јули 2014

САД и нивните западни сојузници имаат „огромна мрежа од тајни служби, дипломатија и војска, која се обидува се‘ да знае, да владее и решава“, изјави Сара Харисон, соработничката на Викиликс, на Глобал Медиа Форум во Бон.

Фотографија: DW/K. Danetzki

На Глобал Медиа Форумот, во организација на Дојче веле, британската новинарка и соработничка на Викиликс, Сара Викиликс изјави дека оваа мрежа на САД и сојузниците „продира во сите области, без да биде земена на одговорност“.

Викиликс минатите години направи многу за да се разоткрие овој систем. Една од работите од кои најмоќните најмногу стравуваат, е „големиот број документи, кои ние ги објавуваме“, истакна Харисон.

Таа на Меѓународната медиумска конференција апелираше до сите новинари „да ги следат зборовите и делата на властодржците и да ја изнесуваат вистината на светлина. Во спротивен случај, ние им овозможуваме да ја одржуваат својата власт, без да одговараат за своите дела“.

Колку е важна истражувачката работа на новинарите покажува жестоката реакција на американската влада по обелоденувањата од Едвард Сноуден на постапките на тајната служба НСА.

„Ако ја конфронтирате власта со вистината и последнава гласно ја изречете, власта ќе го возврати ударот“, рече Сара Харисон.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми