Саркози и Камерон бараат правна држава во Либија
15 септември 2011Реклама
Дејвид Камерон порача дека операцијата на НАТО за заштита на цивилното насление ќе продолжи се’ додека не биде пронајден поранешниот диктатор Моамер ел-Гадафи. Францускиот претседател Саркози пак, се заложи Гадафи да биде изведен пред лицето на правдата и тоа пред меѓународен суд, а Преодниот совет го повика на создавање правна држава во Либија.
Камерон и Саркози се првите шефови на држави или влади од Западните сили, кои ја посетуваат Либија по пресвртот.
Автор: ГЧ/дв
Редактор: Е.М.Фиданоска