1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саркози прогласен за виновен за илегално финансирање кампања

ЕМФ | агенции
30 септември 2021

Поранешниот француски претседател Никола Саркози е прогласен за виновен во судскиот процес за нелегално финансирање кампања. Висината на казната сѐ уште не е соопштена.

Frankreich Nicolas Sarkozy wegen Korruption verurteilt
Фотографија: Blondet Eliot/ABACA/picture alliance

Никола Саркози „како кандидат ја занемарил контролата на трошоците“, изјави судијката Каролин Вигие.

Поранешниот француски претседател не присуствуваше на прогласувањето на пресудата. Висината на казната сѐ уште не е позната.

Саркози беше обвинет за нелегално финансирање на пропаднатата кампања за изборите во 2012 година. Во Франција средствата за кампања се лимитирани со цел да се создаде еднаковст на шанси на кандидатите. Дозволената горна граница во тоа време изнесуваше 22,5 милиони евра. Тимот на Саркози потрошил 42,8 милиони евра. За да се прикрие вишокот потрошени пари, издатоците биле покривани со помош на систем на фиктивни сметки од неговата партија УМП, која во меѓувреме се вика Републиканци. Саркози не е обвинет дека го создал системот на фиктивни сметки, но тој игнорирал две предупредувања од страна на книговодителите, јавуваат француските медиуми.

Покрај Саркози, на обвинителна клупа во овој случај се уште 13 лица, кои се товарат за измама и пружање помош. Саркози ги отфрли обвинувањата. Тој во 2012 година загуби од својот предизвикувач, социјалистот Франсоа Оланд.

Француското правосудство води истрага против Саркози и поради наводни пари од Либија за неговата кампања во 2007 година. Во друга афера, поранешниот француски претседател во март годинава беше осуден на три години затвор поради поткуп и вршење недозволено влијание. Од тоа, две години се условна казна. Саркози најави жалба.

ПовеќеВо Франција никој не е над законот, па ни Саркози

„Сарко“, како што честопати го нарекуваат во Франција, ѝ го заврте грбот на политиката, но и натаму влече многу конци од позадина и важи за влијателен во земјата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми