1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саудиска Арабија го повлече амбасадорот од Берлин

ЖА / агенции
18 ноември 2017

За германскиот министер за надворешни работи, политиката на Саудиска Арабија во однос на либанскиот премиер е „авантуристичка“. Ријад реагира со повлекување на својот амбасадор од Берлин. Харири в среда се враќа во Либан

Deutschland Berlin Botschaft Saudi-Arabien
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Vogler

Дипломатски скандал помеѓу Германија и Саудиска Арабија: по критичките забелешки од германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, Кралството го повлече својот амбасадор од Берлин. Како што соопшти државната саудиска новинска агенција СПА, Саудиска Арабија ги повикала своите дипломати на консултации во Ријад, а истовремено на германскиот амбасадор во Кралството му е врачена протестна нота.

Зигмар Габриел повторно повика на намалување на тензиите на Блискиот ИстокФотографија: picture-alliance/dpa/M.Kappeler

Габриел, по потегот на Ријад, повторно изрази загриженост за стабилноста во регионот на Блискиот Исток, истакнувајќи дека критиките се нормална работа и биле упатени до сите актери во регионот. 

Претходно Габриел, имајќи ги првенствено во вид шпекулациите околу судбината на либанскиот премиер Саад Харири, во четвртокот изјави дека: „од Европа треба да произлезе заеднички сигнал дека ние не сме подготвени немо да го посматраме авнатуризмот кој се шири таму во последните месеци“. Тој ја даде изјавата при посетата на либанскиот колега по функција, Џибран Басил во Берлин. По хуманитарната криза во Јемен и конфликтот со заливската држава Катар, со „начинот на однесување кон Либан“ е достигната кулминација, смета Габриел.Харири пред две недели, со својата целосно неочекувана најава за оставка, дадена за време на посетата на Ријад, предизвика  политичка криза во Либан.  А фактот што по најавата не го напушти регионот на Персискиот Залив, создаде шпекулации дека Саудиска Арабија го принудила на оставката и го задржува присилно, со цел да предизвика тензии во Либан со влијателната шиитска милиција Хезболах.  Патрон на Хезболах е Иран, ривал на Саудиска Арабија во ширењето влијание во регионот.

Харири во меѓувреме го напушти Ријад и пристигна во француската престолнина Париз, а преку Твитер претходно упати директна порака до шефот на германската дипломатија: „Да се каже дека сум задржуван во Саудиска Арабија и не ми е дозволено напуштање на земјата, е лага. Господине Габриел, јас сум на пат кон аеродромот“.

Како што соопшти денеска либанскиот претседател Мишел Аун, премиерот Харири за в среда најавил враќање во Либан. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми