1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Мијаков излегува од притвор со гаранција од 11 милиони евра

ДТЗ
22 декември 2021

Апелацискиот суд во Скопје ја прифати гаранцијата во имот на поранешниот шеф на УБК, но му го одзеде пасошот и има обврска да се јавува во судот.

Сашо Мијалков Северна Македонија
Сашо Мијалков, поранешен директор на УБКФотографија: P.Stojanovski/DW

Поранешниот директор на УБК,Сашо Мијалков, излегува од притвор откако судот ја прифати понудената гаранција од 11 милиони евра. Мијалков од 26 февруари е во притвор во Затворот Скопје. Тој неправосилно беше осуден на осум години затвор заслучајот „Трезор“, за набавка на британска опрема за следење на електронската комуникација за УБК. Првостепена пресуда од 12 години затвор има и за случајот „Таргет – Тврдина“ за нелегалното прислушување, а во тек се и неколку други предмети за коишто е обвинет.

Тој ќе биде пуштен на слобода откако Апелацискиот суд во Скопје ја прифатил гаранцијата од 11.106.501 евра. Неговата жалба била уважена и решението за притвор е преиначено со прифаќање на гаранцијата во имот

Поранешниот прв човек на тајната служба ќе излезе од притвор кога ќе завршат административните процедури со ставање под хипотека на имотот што е понуден како гаранција. За да се спречи бегство, судиите му определиле мерки на претпазливост, со коишто ќе му биде одземен пасошот и има обврска да се јавува во судот. 

Пролетва, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција ја одби понудената гаранција, со која што се согласи обвинителството, со образложение дека сѐ уште постојат причини поради кои била определена мерката притвор, меѓу кои и опасност од бегство. Обвинителството, пак, сметаше дека гаранцијата е прифатлива за да се обезбеди присуство на обвинетиот до правосилноста на пресудата.  

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми