1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сајбер-напад во Бундестагот предизвика големи штети

Удо Бауер / ЕМФ11 јуни 2015

Сајбер-нападот врз компјутерската мрежа во Бундестагот предизвикал поголеми штети отколку што се претпоставуваше. Сега мора да бидат сменети 20.000 компјутери на пратениците и луѓето во администрацијата на парламентот.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Бундестагот деновиве е кујна на шпекулации. Кој шпионирал, какви информации протекле? Многу нешта се нејасни. Пратениците, како Константин фон Ноц, сметаат дека управата на Бундестагот не ги информира како што треба. Во ходниците се мрмори дека источни тајни служби шпионирале петмина колеги. Политичарите ја загубија сета доверба во мрежата на Бундестагот.

„Сите компјутери мораа да бидат исклучувани повеќе пати. И ние во канцеларијата презедовме мерки на претпазливост, поради тоа што знаеме дека оваа комуникација, поради ситуацијата, веќе не е сигурна.“, вели Фон Ноц.

Тој сега на интернет работи само на својот приватен компјутер. Интерната мрежа на Бундестагот, Парлаком, за него е табу. Тука тројанецот најверојатно се‘ уште е активен. Затоа сега се креваат раце од целата мрежа - ќе се менуваат и хардверот и софтверот. Тоа ќе трае со месеци и ќе проголта двоцифрен милионски износ.

Сајбер-напад во Бундестагот предизвика големи штети

01:13

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми