1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СБ на Он усвои резолуција за Сирија

1 ноември 2005

Советот за Безбедност на ОН едногласно усвои резолуција со која се бара од Сирија да соработува во истрагата на поранешниот либански премиер Рафик Харири, или во спротивно ќе се соочи со можни санкции.

Детлеф Мелис и Кофи Анан
Детлеф Мелис и Кофи АнанФотографија: AP

САД и Франција, како предлагачи на нацрт резолуцијата, се согласија да се отфрлат одредниците за економаки санкции и наместо тоа да се разгледуваат евентуалните понатамошни акции доколку Сирија одбива да соработува. Со резолуцијата, меѓудругото, се бара Дамаск да ги приведе и да им овозможи на истражителите на ОН да ги испитаат сите лица осомничени за убиството. Британскиот министер за надворешни работи, Џек Стро,вчера во Њујорк изјави:

,, Но исто така, на владата во Сирија и даваме до знаење дека нашето трпение има граници. Земјата се обрзува на потполна соработка и со тоа се обврзуваме и ние, да преземеме соодветни мерки со цекл да се осигураме дека Советот за безбедност на ОН, преку соодветната комисија, ќе има важна улога во случајот“ рече Стро. Истражителот на ОН , германецот Детлеф Мелис, во својот извештај напиша дека во убиството на Рафик Харири се вмешани високи функционери од сириските безбедносни структури.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми