1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Свадби и веселби со рестрикции и забрани

ДТЗ
3 јуни 2021

Музичарите најавуваат протести, угостителите се жалат на неправда поради новите протоколи. Жива музика ќе има само на свадби, забрането е музичарите да пеат меѓу гостите.

06.08.2013 deutschland heute Freie Trauungen

Незадоволство и реакции предизвикаа најновите ковид-протоколи за одржување на свадби и веселби кои деновиве ги соопшти Владата, како дел од мерките за олабавување на рестрикциите воведени поради Ковид-19. Музичарите не се задоволни од одлуката да се дозволи жива музика само на свадбите, но не и во угостителските објекти. Тие преку Здружението „Музика сега“ за утре најавуваат протести во Скопје и ги повикуваат сите кои работат во оваа индустрија да им се придружат.

И Независната угостителска комора (НУК) не се согласува да нема жива музика во угостителските објекти. Според НУК, новите протоколи за организирање на свадби се контрадикторни и нелогични и со нив им се дозволува да работат само на определени угостителски објекти.

-повеќе на темата: Пандемијата не ги попишмани свадбарите - за три месеци полицијата растури 19 веселби

„Јасно и јавно кажавме и повторно напоменуваме дека свадби/прослави и веселби имало и ќе има во сите угостителски објекти кои се регистрирани за вршење на угостителска дејност и кои работат согласно шифрите на дејност 56 – Дејности за подготовка на оброци и служење на храна регистрирани согласно Законот за угостителска дејност во Централниот регистар на РСМ. Во ниеден закон, уредба или правилник не постои ново создадениот термин – ресторани за свадби со кои се ограничувало или се ограничува организирање на свадби/прослави и веселби исклучиво под определени услови во одредени угостителски објекти “, велат од НУК.

Владата неодамна ги објави правилата според кои ќе треба да се организира една свадба. Според протоколот, на една маса ќе биде дозволено да седат по шест лица. Бројот на гости ќе се ограничи на 50% од капацитетот на објектот, но не повеќе од 100 лица. На влез задолжително ќе се мери температура. Дозволена е жива музика но, само ако се прави свадба. Музичарите треба да бидат оддалечени најмалку 5 метри од најблиската маса и не смеат да се движат и пеат меѓу гостите. Дозволено е играње на подиумот со безбеден простор од 4 метри квадратни по лице и со почитување на препорачаната дистанца. Гостите на свадбите не смеат да се поздравуваат и гушкаат ниту при пречекот, ниту за време на свадбата.

-повеќе на темата: Филипче најавува свадби на отворено и ковид пропусници за патување 

„Треба да се внимава на хигиената на рацете, да не се користи ист прибор, посебно внимание треба при посета на тоалетите, во тие случаи треба да се носи маска. Се останато е на совеста на гостите, дали ќе се прегрнуваат, бакнуваат. Се разбира дека и алкохолот ќе влијае на попуштање на дисциплината. Во секој случај ова ќе биде проверка колкав е нашиот колективен имунитет“, изјави деновиве микробиологот д-р Никола Пановски коментирајќи ги новите протоколи.

Свадбите, крштевките и веселбите во угостителските објекти беа забранети од 23 јуни минатата година.

 

Слободни свадби

03:11

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми